ФЕТАИ бара најстроги казни за Груевски и Јанакиески како поттикнувачи на насилствата пред Општина Центар.
ВРХОВЕН ja потврди пресудата за Сеад Кочан, затворска казна од 4 години и 8 месеци.
СПАСОВСКИ за сообраќајните казни за премиерот и министри: Не може да има неказнивост за никого.
КУЗЕСКА: Со изборот на Мизрахи за член на Извршниот комитет, Мицкоски ја потврди антиевропската матрица на ВМРО-ДПМНЕ.
ЦАРОВСКА: Навреме ќе заврши сместувањето во студенските и средношколските домови.
ВЛАДАТА ќе ги разгледа барањата на родителите кои користеа породилно отсуство.
ЦИВИЛ: „Европа е наш дом“ во центарот на Скопје.
СУДЕЊЕТО за „насилството во Центар“ продолжува на 28 септември.
СТАЦИОНАРОТ за бездомни животни „Лајка“ се очекува да биде отворен идната недела.
ПАСОШИ и лични карти со новото уставно име на државата од следната година.
КАРАКАЧАНОВ: Бугарија ќе каже дека не е време за меѓувладина конференција со Северна Македонија.
ШЕКЕРИНСКА: Од нашите сојузници, вклучително и од Бугарија, очекуваме да помагаат, а не да одмагаат.
МЕДОТ и пчелите да се заштитат со закон, бара здружението „Матица“.
КОСТАДИНОВ: Над 1.300 компании добија бескаматни кредити за справување со последиците од коронакризата, следува и четврт пакет на антикризни мерки.
МОН со последни подготовки пред стартот на учебната година, за СОНК има недостиг на технички средства.
МЖСПП: Постигнат Договор за издавање на градежната дозвола од општина Гостивар за санација на Русино.
МАРИЧИЌ – ГАЛОВЕЈ: Обединетото Кралство ќе продолжи со силната поддршка за реформските процеси во Северна Македонија.
ОСМАНИ: Регионот мора да се издигне над предизвиците на Ковид пандемијата.
СРЕДБА Бектеши – Брнз: САД се наш стратешки партнер – поддршката на бизнисот клучна за развој на економијата.
СЛОВЕНЕЧКИОТ претседател Пахор во официјална посета на С.Македонија.
ОСМАНИ ѝ врачи плакета-благодарница на Ханеда за извонредниот ангажман и личниот придонес во развојот на билатералните односи помеѓу Северна Македонија и Јапонија.
СРЕДБА Битиќи – Техада: Соработка за реализација на проекти за подобар стандард на граѓаните.
СРЕДБА Арсовска – Бесими: Со инклузивен процес до решенија за излез од кризата.
ПОЧНА со работа балканската база на податоци со информации за 4.000 ретки болести.
„ВИСТИНОМЕР“: Нема линк меѓу коронавирусот и прскањето против комарци.
ХРВАТСКА, Бугарија и уште пет земји од ЕУ „високо загрижувачки“ поради смртноста од Ковид-19.
УТРЕ стабилизирање на времето, од сабота до понеделник циклонска активност со влажни бранови.
ВИДЕО-МИКС за Лукашенко, Вучиќ и ММФ, искористен за лажни вести за пандемијата.
ЕУ: Така наречената инагурација на Лукашенко е без легитимитет.





