ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО СОЦИЈАЛА

Шахпаска: Отворен новиот објект „Сонце“ во с.Долна Бањица, Гостивар кој ќе згрижи околу 60 деца

До крајот на 2024 година согласно програмата на Владата, планирано да се креираат нови 7.500 места за згрижување на деца од предучилишна возраст.

September 28, 2020 18:54
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска присуствуваше на отворање на новиот  објект „Сонце“ на детската градинка „Детска Радост“ во с.Долна Бањица, општина Гостивар.

„Големо е  задоволството да се отвораат нови градинки, затоа што на тој начин овозможуваме  сместување на децата од предучилишна  возраст во организирани воспитно –сместувачки објекти,  а со тоа придонесуваме во  нивно градење во здрави психо-емотивни личности уште во најраната возраст. На овој начин овозможуваме  нивна  поголема подготвеност во понатамошниот образовен процес“,  истакна Шахпаска.

Таа посочи дека од 2017 година до денес на ниво на држава капацитетите за згрижување на деца од предучилишна возраст е зголемен за вкупно 49 објекти, со што вкупната бројка на објекти достигна 312 со капацитет од над 3000 деца сместени во нив.

До крајот на 2024 година согласно програмата на Владата, планирано да се креираат нови 7.500 места за згрижување на деца од предучилишна возраст.

Новиот објект Сонце има капацитет за згрижување на околу 60 деца односно  три групи деца на возраст од 2-6 години.

Објектот Сонце  е резултат на заедничката соработка со општина Гостивар, односно општината инвестираше во самата  изградба, а опремувањето е извршено со средства  од Министерство за труд и социјална политка и тоа во износ од  над 2 милиони денари.

Таа се осврна и на состојбата која ни ја донесе пандемијата со коронавирусот, затворањето на градинките и нивното повторно отворање на 9 септември, на што претходеше темелна анализа и Протокол кон кој строго треба да се придржуваат сите вклучени во процесот, односно родителите, децата и  вработените во градинките.

„Сите ние треба да бидеме на нивото на нашата општествена одговорност, на нивото на нашата задача, со цел обезбедување на максимална заштита на нашите најмили, децата“, порача Шахпаска./МИА/

Next Post

Ковид-19 во светот: Досега се заразиле 33.3 милиони луѓе, а оздравеле 24.6 милиони

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk