ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Ковид-19 во светот: Досега се заразиле 33.3 милиони луѓе, а оздравеле 24.6 милиони

September 28, 2020 19:14
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според најновите податоци, во светот со коронавирус досега се заразени 33.385.696 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.003.405 пациенти, а оздравеле 24.688.610 луѓе.

– Во изминатите 24 часа во Косово се забележани три нови жртви на Ковид-19, додека од почетокот на пандемијата починале 625 заразени од коронавирусот. Вчера се регистрирани и 48 новозаболени (15.520 од појавата на заразата) и 142 излекувани. Вкупната бројка на пациенти кои ја совладале болеста достигна до 13.420, а активни носители на вирусот во моментов се 1.475 лица.

– Според последните информации во Србија регистрирани се 30 новозаболени од Ковид-19 и еден смртен случај. Од 30 позитивни 21 заразени се од Белград. Хоспитализирани се 279 луѓе, а на респиратор се вклучени 20 пациенти. Стапката на смртност во Србија изнесува 2,24 отсто.

– Националната организација за јавно здравје на Грција денеска соопшти 269 нови случаи на Ковид-19, а починаа уште четири лица. Од почетокот на епидемијата, во Грција се регистрирани 383 смртни случаи и 17.707 заразени лица.

– Во изминатите 24 часа на Кипар се регистрирани 17 нови случаи на Ковид-19 од 2.465 направени тестови, со што бројот на заразени се зголеми на 1.713 лица.

– Во изминатото деноноќие во Хрватска забележани се 48 нови случаи на Ковид-19, со што бројот на активни случаи се изкачи на 1.180. Според хрватскиот Национален штаб за цивилна заштита, 291 пациент се на болничко лекување, а 24 на респиратор. Од 25 февруари до денеска во Хрватска регистрирани се 16.245 заразени со новиот коронавирус, од кои починале 272 луѓе.

– Во Црна Гора во изминатите 24 часа регистрирани се 128 новозаболени и петмина починати пациенти. Вкупниот број на активни случаи изнесува 3.558.

– Во изминатото деноноќие во Република Српска пријавени се четири смртни случаи од последици од Ковид-19 и 30 новозаразени лица. Во РС досега регистрирани се 9.197 случаи на новиот коронавирус и 302 смртни случаи.

– Во Албанија, во изминатото деноноќие, од направените 824 тестови на сомнителни случаи Ковид-19 е дијагностиран кај 132 лица (25 повеќе од вчера), со што вкупниот број заразени се зголеми на 13.391. Во изминатото деноноќие во списокот на оздравени се впишани 95 или 7.629, починале три лица или вкупно 380,додека активни на болеста се5.382.

– Во Австрија во изминатите 24 часа регистрирани се 556 новозаразени со Ковид-19, од кои 242 лица во Виена, а потоа следи Долна Австрија со 117 инфицирани. Во Австрија во моментот има 8.564 заразени со новииот коронавирус, од кои 446 се хоспитализирани, а 84 се на интензивна нега.

– Во Украина во изминатото деноноќие регистрирани се 2.671 новозаразени лица, што е за 500 помалку во споредба со вчера. Во истот период 37 луѓе починале од последици од Ковид-19.

– Во изминатите 24 часа во Словачка пријавени се 265 новозаразени лица, со што вкупниот број на инфицирани се искачи на 9.343. Во земјата од почетокот на епидемијата починаа 44 лица од последици од новиот коронавирус.

– Во Холандија за еден ден регистрирани се 2.914 новозаразени лица со Ковид-19, додека вчера беа потврдени 2.995 позитивни случаи. Поради тоа локалните власти разгледуваат воведување на нови регионални мерки, како задолжително носење на маски и ограничување на работното време на кафулињата. Во Холандија од почетокот на пандемијата зараазени се 114.540 луѓе, а од последици од Ковид-19 починаа 6.380 пациети, од кои шест во изминатото деноноќие.

– Во Велика Британија во изминатите 24 часа регистрирани се 4.044 новозаболени лица, со што вкупниот број се искачи на 439.013 луѓе. Во истиот период забележани се 13 смртни случаи, со што бројот на починати од последици од Ковид-19 се искачи на 42.001 човек./МИА/

Next Post

Премиерот Заев на Канал 5: Гоце Делчев треба да нѐ поврзува, градиме пријателства со соседите, тие носат придобивки за граѓаните

Shortcut

Најново

Првите сто години се најтешки, за потоа – ќе видиме

September 8, 2026

Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

September 7, 2026
Фото: Скриншот

СДСМ бара истрага за Јанушев за низа скандали, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа дека институциите конечно функционираат

September 7, 2026

Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

September 6, 2026
Europe House, London

Утре во Лондон: Украина и иднината на Европа – средба на украински, британски и европски парламентарци

September 6, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што стои зад истовремениот прекин на водечките платформи за вештачка интелигенција на 3 септември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk