ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ – претставници на ЗНМ и ССНМ: Синдикатите ќе бидат вклучени во измените на Изборен, Кривичен и Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета

October 1, 2020 15:34
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ

Главната тема на дискусија на денешната средба на министерот Маричиќ со претставниците на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), беше прашањето околу третманот и заштитата на медиумските работници во Северна Македонија.

На средбата, како што соопшти Министерството за правда, се разговараше околу потребата за измена на Кривичниот законик (КЗ) кој во моментот се работи со поддршка на Мисијата на ОБСЕ, со посебен фокус во делот на препораките на синдикатите, а тоа е медиумските работници да бидат опфатени со посебни одредби во КЗ.

Министерот Маричиќ истакна дека синдикатите ќе учествуваат во дефинирањето на одредбите од овој закон во делот на кривичните дела кои се однесуваат на различни форми на напади или закани упатени кон медиумските работници.

Покрај законските измени, како што е наведено во соопштението, соговорниците се согласија дека сепак е потребно одлучно постапување по службена должност од страна на надлежните институции за истражување и санкционирање на овие дела.

Воедно, на средбата се дискутираше и околу најавената измена на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, за кој Маричиќ истакна дека во моментот се подготвува анализа во која ќе бидат содржани и препораките за измени на законот, кои ќе се разгледуваат заедно со синдикатите.

Последна, но не и помалку значајна тема, како што е наведено во соопштението од Министерството за правда, беше околу измените на Изборниот законик во делот на одредбите кои се однесуваат на медиумите, за кои Маричиќ исто така најави соработка со синдикатите.

Next Post

Денеска се регистрирани 162 нови случаи на ковид 19, четворица се починати

НАЈНОВО

Мециновиќ: Да станеме град во кој автомобилите не се потребни

August 26, 2025

Герасимовски: Бесплатни униформи, ранци и прибор за учениците во Центар

August 26, 2025

Во сообраќајна несреќа во Кичево загина осумдесет и двегодишен пешак

August 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото илустрација, генерирано со ВИ

    Николоски: Правилата за патување на македонските граѓани во ЕУ одложени за следната година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Власта со потези што отвораат сомнежи за изборни злоупотреби

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Архитектите и експертската јавност ќе ја предводат ревитализацијата на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ прави Мадуро на Венецуела

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk