ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Филипче: Ќе набавиме тестови за Ковид-19 кои даваат резултати за 15-на минути

Сега сме во фаза во која со помош на Светска банка ќе набавиме најсовремени тестови кои се ултра брзи и кои ќе бидат дистрибуирани во болниците, во критичните места во здравствените домови, како и кај матичните лекари според потребата и индикацијата.

October 1, 2020 20:16
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва најави дека со помош на Светска банка ќе набават најсовремени тестови за Ковид-19 кои даваат резултати за 15-на минути.

– Сега сме во фаза во која со помош на Светска банка ќе набавиме најсовремени тестови кои се ултра брзи и кои ќе бидат дистрибуирани во болниците, во критичните места во здравствените домови, како и кај матичните лекари според потребата и индикацијата. Станува збор за тестови кои се готови и даваат резултати за 15-на минути, наспроти сега најбрзите 45 до 50 минути или процес од неколку часа. Се повеќе напреднува технологијата во оваа сфера и тоа е нешто што значајно ќе ја смени сликата и достапноста до тестовите, рече Филипче во дневникот на Сител.

Министерот информира дека направиле анализа на смртноста, и најави дека за многу кратко време, односно за неколку дена ќе биде завршена во Клиниката за инфеткивни болести, а веројатно во текот на следната недела и во ГОБ „8 Септември“. Првичниот увид, според него, укажува дека има сериозен процент на смртни случаи кои се случуваат во првите неколку дена после приемот.

– Апсолутно во огромен процент пациентите доцна се јавуваат во болница и покрај нашите апели и покрај укажувањето на матичните лекари дека треба да се јават во болница, сепак голем процент одлучува да се лекува дома.Тоа го констатираме по тоа што навистина на приемот во болница парамтерите на сатурација со кислород, капацитетот на дишењето се толку лоши, и што и да се направи за жал на тој дел од пациентите не може да им се помогне, посочи Филипче.

Во однос на третманот на пациентите, Филипче рече дека тој е идентичен како и во сите развиени европски земји уште од самиот почеток.

– Како излегуваа препораките ние ги имплементиравме преку Комисијата, ги анализиравме стручните лица, експертите, специјалистите на Клиниката за инфективни болести, болницата „8 Септември“, дистрибуцијата, протоколите во сите други одделенија. Нема лек кој недостасува. Меѓутоа се повеќе има нови и нови сознанија. На пример последно сознание е дека витаминот Д најмногу помага не само во превенцијата туку и во третманот на болеста. Одлични резултати имаат тие пациенти кои се лекуваат со висока доза на витамин Д. Се уште имаме работа за која не знаеме се. Нови сознанија излегуваат практично секојдневно, додаде Филипче./МИА/

Next Post

Јавно е позната вмешаноста на Мицкоски во бизнисите со хидроцентрали на штета на граѓаните, тој е најнеспособниот директор на АД ЕЛЕМ

Најново

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Кривични пријави за родителите на малолетничките кои претепаа 13-годишно девојче во Ѓорче Петров

May 5, 2026

Бочварски: За две години власта нема ниту еден нов проект, се фали со проектите на СДСМ

May 5, 2026

Мицкоски: Историски најниска невработеност и над 15.000 нови работни места во последната година

May 5, 2026
Илустрација Фронтлајн

Што знаеме за „Проектот Слобода“ на Трамп за Ормускиот Теснец?

May 5, 2026
Анаис. Мотив, Битола, чаршија

Дневен хороскоп со Анаис за 5 мај – Продлабочување во Стрелец

May 5, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk