ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Голема мака со малиот Шенген

Најди им го крајот на националистиве. Кога си копавме очи балкански, беше арно. Сега, кога си подаваме рака европски, не е на арно. Кога си ги отвориме домовите за соседите и кога и тие ги отвораат за нас, пак не чини. Нешто пак ни се подготвува. Заговор, план да нѐ уништат, да нѐ снема. Европа и САД од нас ќе прават Голема Албанија, ќе нѐ компензираат на Србија за Косово. Тоа што подаде рака на српскиот претседател, албанскиот премиер Рама дома го прогласија за непожелна персона. Тоа што српскиот претседател Вучиќ му возврати, неговите националисти го прогласија за издајник на својот род. Тоа што македонскиот премиер Заев ги угости, овдешните квази патриоти пак го етикетираа како предавник.

November 12, 2019 08:47
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

од корнер: ЗОРАН ИВАНОВ

Балкански и македонски парадокси. Кога соседи кои дури до вчера си сееја пизма, а сега си подаваат рака, тука нешто мириса на лошо. Од каде мирољубие меѓу нив? На неостик ли се или на алуминиум?

Кога балканците војуваа меѓу себе, а војуваа доста и долго, тоа е природна балканска состојба. Кога решиле да завршат со тоа, кога се обидуваат да си ги мавнат недовербите, кога се договараат да си ги отворат границите за сите балкански граѓани, за сите производители и трговци во регионов, тука навистина некој зајак некаде се крие. Нормално никој не посочува, никој не умее да каже во која грмушка. Каде да се запука, каде да се засачмари, каде да се закубури зашто ова со мир и соработка на Балканов е нездрава работа.

Нездрава е зашто е тоа неразбирливо за балканската историска азбука и за балканскиот историски речник. Неможно е братство на Македонец со Албанец, на Албанец со Србин, на Србин со Македонец. Не, тоа не може да е добра вест. Нешто тука не штима. Таа, вавилонката,  пак нешто нѐ мести. Ај што веќе нѐ остави без нација, сега ќе ни ја поништува и државата.

Најди им го крајот на националистиве. Кога си копавме очи балкански, беше арно. Сега кога си подаваме рака европски, не е на арно. Кога си ги отвораме домовите за соседите и кога и тие ги отвораат за нас, пак не чини. Нешто пак ни се подготвува. Заговор, план да нѐ уништат, да нѐ снема. Европа и САД од нас ќе прават Голема Албанија, ќе не компензираат на Србија за Косово. Тоа што подаде рака на српскиот претседател, албанскиот премиер Рама дома го прогласија за непожелна персона. Тоа што српскиот претседател Вучиќ му возврати, неговите националисти го прогласија за издајник на својот род. Тоа што македонскиот премиер Заев ги угости, овдешните квази патриоти пак го етикетираа како предавник.

Но негативните реакции во трите балкански средини се всушност добрите вести. Најубавите одгласи за успешноста на иницијативата на охридскиот Шенген. Политичките македонски и балкански националисти добија уште еден удар во плексус. Сега се без здив. Балканските држави конечно се придвижуваат кон Европа. Како композиција заедно или секоја посебно како со дрон, е сега неважно.

Важното е што се фатија за европските алатки. Што преку докажаната европска доктрина на соработка ги отвораат регионалните развојни перспективи. Што почна да се создава Балкан без бариери. Без пасоши, без царини, без такси, без двојни гранични контроли.

Пречи ли ова некому? Па се разбира. Веќе се огласија политичките патриоти и поразените националисти. Им се лизнува пизмата, најголемиот адут кој ги правеше големи во своите мали држави. Тие не умеат да дофрлат на голем терен. Само маалски, на ситно, на мали голчиња. Како нивниот карактер.

И сега затоа, со малиот Шенген, се на голема регионална мака.

 


Сите права се задржани. Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО, освен со писмена дозвола од Редакцијата FRONTLINE.MK
Next Post

Облачно време со врнежи од дожд

НАЈНОВО

Осомничената за грабежот на накит во Лувр пуштена од притвор

November 13, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или .ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025
Скриншот

Дијамантски брош на Наполеон, продаден за над 3,5 милиони франци

November 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилни буџети, нестабилни приоритети – општините во фискален парадокс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ни прават булинг да го смениме Уставот – денес сме таму каде што бевме пред 25 години на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk