ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Исјановски: Донесените мерки за угостителите се добри за во иднина, брзи ковид тестови за 10 до 15 дена

Доколку на тестот се покаже дека лицето е позитивно, мора да се потврди со ПЦР тест, а доколку е негативно нема потреба, значи точноста е 99 отсто.

October 5, 2020 20:52
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Донесените мерки за работата на угостителите се добри за во иднина. Не сите угостители ги кршат протоколите и затоа не треба да се оди кон нивното ригорозно затворање или санкционирање. Но, ако продолжи растот на бројот на заболени, знаејќи дека доаѓа еден тежок зимски период со вирози и грип, ќе биде потребно да се преземат соодветни мерки понатаму.

Ова вечерва го посочи доктор Виктор Исјановски, директор на Здравствениот дом Скопје и член на Комисијата за заразни болести во однос на острата реакција на угостителите кон новите мерки. Тој истакна дека во изготвувањето на протоколите на почетокот, пред да почне изработката на отворање на локалите на рестораните и кафаните, учествувал и Независниот синдикат кој дал свои предлози. Комисијата дала зелено светло за отворање што е добро за економијата, но со текот на време локалите почнале да попуштаат и бројот на заболени се зголемил.

-Не преземавме многу рестриктивни мерки како сега тие што се противат, но забранивме концерти, настапи, дали се тоа домашни или странски, потоа преземавме мерки на маса да не можат да седат 12 лица, туку четворица, но вие знаете газдите на локалите пак ќе најдат начин таа 12-ка да ја направат три пати поголема. Секое утро на состанокот на Комисија за заразни болести и министерот и заменикот министер за здравство се вклучуваат директно каде кажуваат свои предлози, а министрите од свои гранки кажуваат одделни забелешки и на тој начин сме во постојана координација со Владата, рече Исјановски во гостувањето на Сител.

Изјановски додаде дека големите собирања како што се свадби се многу зачестени, се собираат до 500 или 600 луѓе, а во дискотеките дури до две илјади. Ова, според него, е ризик не само за тие кои учествуваат во дискотеките, туку и за домашните, и за најблиските, за сите кои ги почитуваат мерките.

-Сметам дека овие мерки кои ги донесовме се добри за во иднина, затоа што сите угостители не ги кршат протоколите, и не треба да се оди кон ригорозно затворање или санкционирање на работното време. Меѓутоа ако овој тренд продолжи, знаеме дека доаѓа еден тежок зимски период каде што ќе се појават многу вирози, грип да имаме зголемена трансмисија на вирусот доколку е потребно ќе се преземат соодветни мерки понатаму, посочи тој.

Исјановски информираше дека Здравствениот дом е во преговори со фирми за воведување брзи тестови. Тестовите ќе пристигнат за 10 до 15 дена, а пунктот за тестирање ќе биде во поликлиниката Ѓорче Петров.

Како што најави, брзите тестови ќе се прават за 15 минути, и ќе чинат до 800 денари. Одобрени се од Светската здравствена организација и Министерството за здравство, а граѓаните може да закажуваат преку бесплатна телефонска линија која ќе биде достапна за сите.

-Здравствениот дом е во проговори со четири, пет фирми кои имаат регистрирано дозвола од Светската здравствена организација за брзи тестови, пунктот ќе ни биде во поликлиниката Ѓорче Петров кој што е спремен за овие брзи тестови, луѓе да не мора да фрлаат огромни суми пари. Мислам дека најевтиниот е околу 50 евра или четири илјади денари, овие брзи тестови ќе се прават за 15 минути, и на граѓаните нема да бидат многу скапи.

Некаде до 800 денари ќе чинат овие тестови, но секој оној кој што ќе го фати паника ќе му се појават симптоми нема да мора веднаш да го оптоварува здравствениот систем и домашниот буџет. Затоа Здравстевниот дом ќе воведе вакви брзи тестови кои ќе бидат пред се, квалитетни, посочи директорот на Здраветсвениот дом.

Како што појасни, доколку на тестот се покаже дека лицето е позитивно, мора да се потврди со ПЦР тест, а доколку е негативно нема потреба, значи точноста е 99 отсто.

Исјановски најави дека идниот состанок на Комисијата се очекува да биде во петок, каде по предлог на министерот и заменикот министер за здравство ќе бидат повикани да присуствуваат и градоначалникот на Град Скопје и директорот на Јавното претпријатие за да се произнесат ставови во однос на воведување нови протоколи или мерки за сообраќајот во градот./МИА/

Next Post

Бесими: Ковид кризата е од неекономска природа и затоа мора да се вбризгаат пари во економијата

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk