ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Филипче: Новите предлог мерки ќе дадат резултат само ако се почитуваат

October 19, 2020 15:27
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 Министерот за здравство Венко Филипче на денешната конференција појасни дека дополнителните предлози од денешниот состанок на Комисијата за зарзни болести кои утре ќе се разгледуваат на Влада, за ограничување на работата на сите економски оператори до 23 часот се однесува на сите економски оператори каде што може да има групирање, а тука влегуваат пред се, угостителските објекти, пренесува МИА.

-Уште веднаш да кажам дека се разгледува заедно со економските министри начин како да им се излезе во пресрет и да им се помогне финансиски. Но секој еден таков угостителски објект, економски оператор кај што може да има групирање сакаме да не функционира. Значи, суштината на континуираното, и надвор и внатре носење на маски со ограничување на сите можности коишто може да ги предвидиме, а имаме искуство од периодот во кој порано препорачувавме мерки за време на вонредната ситуација, сакаме тоа да го спречиме, неносењето маски и групирањето, појасни Филипче, одговарајќи на новинарско прашање во денешната изјава пре Владата.  

Тој нагласи дека и досега имаше многу мерки, многу препораки, и оти никогаш немаше проблем таму кај што мерките се почитуваа.

-Секогаш нови и нови пациенти дијагностицирани и мини кластери имаше на местата каде што имаше протоколи и препорачани мерки, а тие за жал не се почитуваа. Искрено верувам дека веќе се граѓаните свесни. Еве, имаат увид, даваме отворени информации секојдневно за капацитетите на болниците, ова е последниот чекор пред воведување на полициски час, рече министерот за здравство.

Со законските измени кои се предлагаат тој напомна дека значајно се мултиплицира бројот на луѓе преку ангажирањето на повеќе инспекторати коишто може да прават и контрола и да спроведат санкција ако мерките не се почитува. Со препораката, пак, за намалување на бројот на вработени на затворено во државната и јавната администрација секој којшто не мора согласно распоредот на раководителите на сите институции може да работи од дома или во систем на смени и во систем на ротации и сето тоа, како што вели, очекуваат дека значајно ќе го намали и притисокот кон јавниот превоз.  

Тој потврди дека вируст е навистина проширен насекаде и дека мерките кои понатаму би се носеле се единствено во сферата на ограничување на движењето, дали тоа ќе биде во одредени општини или на целата држава зависи од епидемиолошките податоци и анализите. Нагласи дека најризични мини жаришта во целата држава се градот Скопје со некои општини, Штип и Струмица.

-Овие мерки ќе дадат резултат, смета Филипче и укажа дека во целиот свет мерките се сведуваат на рестрикции на контактите, односно спречување на групирање и на носењето маски и потсети дека земјава е првата во регионот, која препорачала носење маски на отворено и на затворено.

Next Post

Суспендирање на пресудите на лидерите на Златна зора до жалбите, предложи грчкото Јавно обвинителство

Shortcut

Најново

СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

June 23, 2026

Нови цени на горивата: Пад на дизелот за 7, а на бензините до 4 денари по литар

June 22, 2026

Тренчевска: По две години Влада на Мицкоски, резултатот од социјалните ветувања е чиста нула

June 22, 2026

Мицкоски најавува поевтинување на горивата: Бензините до 3 денари, а дизелот за 7 денари помалку по литар

June 22, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk