Со одржување јавни собири со жителите на селата Куклиш, Градско Балдовци и Просениково синоќа завршија јавните собири со граѓаните пред креирањето на буџетот на општина Струмица за 2020 година, пренесува МИА.
Градоначалникот Коста Јаневски заедно со неговите соработници одржа собири со граѓаните од осумте урбани заедници во градот и во сите населени места во општината.
-На собирите разговаравме за потребите на граѓаните и заедно ги утврдивме приоритетите за наредната буџетска година. Заедно со граѓаните ги решаваме проблемите и ја развиваме општината, рече градоначалникот Јаневски.
Инаку, граѓаните во населените места побараа во буџетот приоритет да има тампонирањето на полски патишта, чистење канали и диви депонии и асфалтирање улици, додека во градот барањата се однесуваат на реконструкција на улици и тротоари, како и натамошно инфраструктурно уредување на градот.