И покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19, напиша на фејбук министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
„Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги превземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19.
Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација.
Чувајте се“, порача министерот за внатрешни работи во објавата на Фејсбук.