ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Филипче: Полициски час не е трајно решение, мора да се почитуваат мерките за заштита

October 27, 2020 21:54
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче смета дека полицискиот час не е трајно решение, доколку граѓаните не сфатат колку е важно почитувањето на мерките за лична заштита. Во оној момент кога тој ќе биде укинат, ќе продолжи ширењето на вирусот ако мерките што се носат и препорачуваат не се почитуваат, смета тој.

-И да се препорача некаде целосна рестрикција на движењето, ако граѓаните не се свесни дека мора да ги почитуват мерките истото ќе се случи и по укинувањето на полицискиот час. Значи ни тоа не би било решение. Затоа ја пратиме ситуацијата, се фокусираме на трансмисијата во градинките и училиштата, во случај да треба да препорачаме затворање во некоја од општините ако има таква трансмисија, но засега нема. Затоа сметам дека овој пакет на мерки што го имаме заедно со оние законски измени во Собранието е така димензиониран за да може да функционираат граѓаните, а сепак да биде ставен приоритет на заштита на јавното здравје. Полицискиот час не е трајно решение. Таму каде што мерките не се почитуваат пак ќе има раст на бројките, рече Филипче во гостување на „Топ тема“ на Телма.

Тој прашан зошто не се воведоа препораки и засилени рестрикции во најзагрозените општини рече дека за да се преземат одредени мерки не се важни само бројките, туку дека од големо значење се сите податоци кои се даваат во епидемиолошките анкети, од тоа каква е клиничката слика, дали се трансмисиите ограничени, дали станува збор за кластрери, па и податоци каде и како се заразиле.

-Бројката на новодијагностицирани пациенти од вкупните тестови не значи ништо, затоа што многу се битни епидемиолошките анкети. Каде се луѓето заразени, дали е ограничен кластер, во каква состојба се дали им треба хоспитализација, рече Филипче и додаде дека податоците од тие анкети укажувале дека зголемената трансмисија е резултат на групирањата и оти заради тоа и вака се димензионираат мерките.

Министерот Филипче рече и дека растот на бројот на позитивни и заболени од КОВИД-19 бил очекуван и оти на тоа предупредувале уште во текот на летниот период. Затоа, рече, апелиравме да се почитуваат мерките.

Растот на нови случаи, рече, го предвидувавме и укажувавме дека може да се случи уште во летните месеци, впрочем не само ние го очекуваа сите земји и гледаме сега дека има илјадници нови случаи во тие земји.

-По попуштањето на рестриктивните мерки на крајот на пролетта имавме некакви протоколи и рестриктивни мерки тие никогаш не беа повлечени. Очекувавме ваков бран затоа што прво луѓето се вратија од годишните одмори, започнаа на своите работни места, поголема концентрација на луѓе во затворени простории, очигледното прекршување на мерките доведе до ваква ситуација, рече министерот Филипче./МИА/ 

Next Post

Во Бугарија 2.243 новозаболени, онлајн настава во следните две недели за средношколците и студентите

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk