ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковид-19: Нови црни рекорди во Германија и САД, Белорусија ги затвора границите

October 30, 2020 13:22
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

САД денеска поставија нов рекорд во бројот на новозаразени лица – повеќе од 91.000. Европа се соочува со неконтролирано зголемување на бројот на нови инфекции, поради што и воведува нови мерки. Франција од денеска е во делумна блокада, а од понеделник „локдаун“ ќе воведе и Германија.

САД денеска поставија нов црн рекорд со над 91 илјада новопотврдени позитивни случаи на коронавирус и со рекордни хоспитализации во многу сојузни држави. Се сголемува и бројот на смртни случаи. По третпат во октомври, од Ковид-19 починаа повеќе од 1000 луѓе во еден ден. Досега во САД од болеста починаа повеќе од 229 илјади луѓе – најмногу во цел свет. Бројот на хоспитализирани во октомври се зголеми за 50 отсто, на 46 илјади, што е најмногу од средината на август.

Француската Влада објави список на нови мерки за борба против ширењето на Ковид-19, вклучително и забрана за напуштање домови, освен во најитните случаи и задолжителна работа од дома. Францускиот премиер Жан Кастекс објави прецизен список на мерки за вториот „локдаун“ во борба против Ковид-19, почнувајќи од денеска и со траење до 1 декември. Граѓаните ќе мора да останат во своите домови и да излегуваат надвор само со валиден изговор како набавка на храна, пренесување на детето на училиште, неопходна работа што не може да се заврши од дома, одење на лекар, укажување итна помош на член на семејство и еден час вежбање на не поголема оддалеченост од еден километар од својот дом.

Германија во последните 24 часа евидентирала 18.681 случај на инфекција со коронавирус, соопшти денеска институтот Роберт Кох, што е најголемо дневно зголемување од почетокот на пандемијата.

Во земјава досега биле заразени вкупно 499.694 лица. Според институтот, досега регистрирани се 10.349 смртни случаи, што е дневно зголемување од 77 починати. Од понеделник и Германија воведува „локдаун“.

Белорусија вчера ги затвори своите граници со Летонија, Литванија, Полска и Украина, наведувајќи ја како причина „епидемиолошката состојба“, иако белоруските лидери со месеци ја минимизираат заканата од пандемијата на коронавирусот.

Според официјалните податоци, во земјата биле заразени 96.529 лица, а 973 починале.

Од денеска, патувањето ќе биде ограничено, а границите ќе останат отворени само за дипломати и сообраќај со камиони, соопшти државната агенција за граници.

Во Јапонија, бројот на лица заразени со коронавирус надмина 100.000, девет месеци по првиот случај на Ковид-19, објави Министерството за здравство.

Во последните 24 часа евидентирани се 808 нови случаи, а вкупниот број на заразени е 100.334. Во таа земја 1.700 луѓе починаа од ковид-19. Околу една третина од заразените се во Токио, каде што се регистрирани 221 заразено лице само во последните 24 часа.

Бројот на лица заразени со коронавирус во Русија дневно е зголемен за 18.283 и тоа е максимум за целата пандемија, соопштија властите, пренесе ТАСС. Вкупниот број на заразени се искачи на 1.599.976, а според властите стапката на досега оздравени е околу 75 отсто.

И Полска денеска постави нов рекорд, со 21.629 нови позитивни случаи. За 24 часа починале 202 лица, со што смртниот биланс се искачи на 5.351.

Што се однесува на земји од регионот, Хрватска соопшти дека во последното деноноќие евидентирани се 2.772 новозаразени лица и 20 смртни случаи. бројот на активни случаи е 15.106, од кои 1.027 се на болничко лекување, а на респиратор се 74 пациенти. Од февруари, во Хрватска се регистрирани вкупно 46.547 лица заразени со новиот вирус, од кои 531 починале, а вкупно се опоравиле 30.910 лица, од кои 1.677 во последните 24 часа.

Регионите на Солун, Лариса и Родопи во северниот дел на Грција од рано утрово се во црвената (и највисока) фаза според степенот на опасноста за ширење на коронавирусот и влегуваат во мини карантин, а грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска ќе соопшти нови рестриктивни мерки за спречување на дополнително ширење на коронавирусот.

Во Грција во изминатите три дена беа регистрирани над 1.000 нови случаи на коронавирусот на дневно ниво, а вчера бројката беше помала од завчера, но и бројот на тестови беше помал со оглед на тоа дека во средата беше празник и неработен ден.

Националната организација за јавно здравје на Грција вчера соопшти за 1.211 новозаразени, а починаа уште 12 лица.

Од почетокот на епидемијата во Грција се регистрирани 35.510 случаи, а починати се 615 лица

Словенечката Влада соопшти денеска дека има нови 1.798 позитивни случаи и 23 починати. Тоа е најголем број починати во таа земја од почетокот на пандемијата. Од вкупниот број тестирани примероци, 28,3 отсто биле позитивни. На болничко лекување се 703 пациенти, од кои 112 на одделите за интензивна нега. Во текот на денот се очекува властите да претстават нови мерки за сузбивање на коронавирусот.

Next Post
epa08776051 Protesters block the streets during a protest against the tightening of the abortion law in Plock, Poland, 26 October 2020. Tens of thousands of protesters across the country took to the streets on 26 October and blocking traffic as part of the ongoing protests against the tightening of the abortion law after Poland's Constitutional Tribunal on 22 October ruled that laws currently permitting abortion due to fetal defects are unconstitutional.  EPA-EFE/SZYMON LABINSKI POLAND OUT

Најавен најмасовниот протест во Полска поради забраната за абортус

НАЈНОВО

Скриншот

Израел им забранува слободен пристап на странските новинари во Газа и по прекинот на огнот

October 23, 2025

ЕУ го одобри 19-тиот пакет санкции кон Русија: Удар врз енергетиката, финансиите и воено-индустрискиот комплекс

October 23, 2025

СЗО евакуира 41 дете и 145 придружници од Појасот Газа

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk