ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Филипче: Применуваме мерки што се препорачуваат во цел свет, ќе дадат резултат

November 2, 2020 21:16
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Согласно циклусот што сега се случува, на динамиката на пренос на вирусот, појава на болеста, евентуално влошување или хоспитализација на пациенти, очекуваме дека за 10 дена ќе видиме првични резултати од примената на мерките за заштита кои се во сила заедно со тие што ги предложивме денеска, но за месец ќе видиме вистински резултати од овие мерки.

Ова го изјави министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето на „Само вистина“ на Канал 5 телевизија. Според него, бројката  во првиот бран од пандемијата точно ја предвиделе и тогаш беше близу 2.000 заболени заради анализите кои што се прават врз основа на параметрите  како што се  бројката на заболени, епидемиолошките анкети како се заразиле  и сл., но сега е, вели, тешко да се прогнозира бројка.

–Тешко е да се каже конкретна бројка. Сега навистина  имаме една  трансмисија која што е широка  низ населението.  Локална трансмисија во која што имаме бранови, мини  кластери насекаде и  сакаме да видиме и да процениме како овие мерки коишто се  сега во сила ќе дадат и кога ќе дадат резултат. Јас искрено верувам дека ова што сега го  препорачуваме денеска  заедно со овие мерки кои се до сега во сила –  забраната за групирање, скратувањето на  време на  работа на угостителските објекти, тоа што утре ќе го предложиме  наместо  до 23, до 21 часот, забраната за групирање на отворено наместо 22 да биде 21 согласно затворањето на угостителските објекти , препораката да нема домашни  посети,  препораката сите да работат  кои можат согласно работниот процес од дома, 50 проценти исполнетост на  капацитетите на  возилата за јавен транспорт дека ќе даде резултати.  Сето тоа се мерки коишто практично се имплементираат и се препорачуват  во целиот свет, рече Филипче.

Според него, постојните мерки против Ковид-19 се добро димензионирани и нема потреба од карантин. -Еден од најбитните параметри тоа е капацитетот на болниците дали имаме слободни кревети лекари и сестри кои можат да дадат здравствана заштита. Согласно нашиот план ослободуваме се повеќе кревети, функционира системот на  ротација. Нема да дозволиме да нема болнички кревет, но нашиот здравствен систен е навистина под голем притисок и во таа смила се сите овие рестрикции кои што се на сила, вели Филипче и додава во овој момент, од форма на карантин како полициски час, нема потреба

Во однос на капацитетите на здравството и откако опозицијата го блокира Законот за заем поради што доцни изградба на 16 ковид центри, рече, подготвен е план, а тоа е да се обезбедат сите  други капацитети коишто ни се на располагање.  

– И планот којшто сега ни се случува со  ангажирањето на болничките капацитети, ротацијата на лекари практично беше на стенд бајт нешто што го предвидовме во летните месеци го разговаравме.  Ние очекувавме есенски  бран. Така и се поставивме.  Ние секогаш кажувавме дека ќе имаме есенски бран,  дека ќе биде комплицирана епидемиолошката ситуација,  ќе има голем број пациенти, дека е можно да се мешаат ковид пациентите  со пациентите од сезонски грип. Ние сме спремни и големиот број на пациенти коишто произлегуваат  од овој голем број на  дијагностицирани случаи практично има каде да ги сместиме. И не доцниме, напротив, го предвидовме ова и  сме подготвени, вели Филипче.. 

Во однос на вакцините за сезонски грип, Филипче рече дека нема доцнење бидејќи нивната препорака била вакцината да дојдат на  крајот на октомври и почетокот на ноември, заради тоа што главниот притисок  од  пациенти од сезонски грип, вели, го  очекуваме некаде во јануари.

– Историски гледано секогаш било така повеќе изминати години. Некои многу чудни работи се случуваа во јужната хемисфера за време на зимата таму изминатите  месеци каде бројот на пациенти со сезонски  грип  беше значајно намален наспроти пациентите со ковид е нешто што сега засега  науката неможе да го објасни. Лани кај нас имаше скоро  двојно од онаа претходна година  заболени од сезонски грип, 37 000 наспроти  20 000 пациенти.  Ниту еден тогаш немаше  заболен од корона вирусот. Ние ги анализиравме и тие брисеви заради тоа што тие примероци стојат во ИЗЈ.  Дел од вакцините се дистрибуирани,  дојдоа во неколку прати во неколку количини и во периодов што доаѓа ќе започне  вакцинацијата против сезонски грип.  Сметам дека ќе се заштити населението, рече министерот за здравство. 

За обвинувањата од опозицијата дека здравствените власти не можат да се справат со ковид-кризата, Филипче рече дека од таму не слушнале ниту еден сериозен предлог.

-Сведоци сме, опзоцијата го почнува денот со  некоку соопштенија против работата –  наша, на Министерството  на Комисијата и ја разбирам фрустацијата. Сметам дека е тоа  поради тоа што  и  тие се свесни дека кризата   добро ја менаџираме.  Го ставија системот на колена и сметаат дека  ќе крахира но ние тоа не го дозволивме.  Се обидоа уште еден удар да нанесат со тоа што не  го потпишаа заемот,  па сега ни доцнат ковид центрите. Заменичката министерка да го потпишеше  заемот од  СБ ние сега ќе  имавме  16 ковид центри  ширум  државата сите опремени со  медицинска  опрема, со лекови  со  се што треба за да болниците ни останат чисти.  Апсолутно тоа што ние ја тераме работата така како што треба, што нашата работа се темели на принципите на медицинската  наука,  сметам дека на нив, опозицијата  навистина им пречи. Вело Марковски што кажува. ПСР тестовите не биле добри. Маските биле штетни.  Немало да има есенски бран.  Дали се тоа сериозни препораки, дали се тоа  сериозни констатации.  Ние од таму не сме слушнале ниту еден  конкретен  сериозен предлог, рече министерот за Венко Филипче.

Next Post

Филипче: Ниту еден пациент не останал без тест, ниту бил препратен од државна во приватна лабораторија

Shortcut

Најново

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тутунари, не дозволувајте грешките при пакувањето и чувањето да ви го намалат откупот

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk