ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Филипче: Ниту еден пациент не останал без тест, ниту бил препратен од државна во приватна лабораторија

November 2, 2020 21:31
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека oд почетокот на ковид кризата до денес, надграден е целокупниот систем на тестирање, и ниту еден граѓанин не е препратен од јавна во приватна здравствена установа за ковид тест.

– На почетокот на кризата почнавме со 200 теста. Во лабораторијата во Институтот за јавно здравје сега се прават близу 2000. Значи, капацитетот е зголемен за 10 пати. Свесни за притисокот од претходниот период, од минатата недела се прават за неколку стотици тестови повеќе во главните лаборатории, во оние во коишто има најголем притисок – Центарот за јавно здравје, Институтот за јавно здравје, дополнително и лабораторијата на Институтот за белодробни заболувања кај децата – Козле која се акредитираше за тестирање за Ковид-19“, рече министерот Филипче во вечерашното гостување на ТВ Канал 5.
Тој потсети дека денеска добивме 13 илјади тестови како донација. Дел од нив се пристигнати, а другите ќе стигнат во следните два, три дена.
-Веќе почна дистрибуцијата на неколку места на овие тестови. Прво, во болниците за пациентите коишто доаѓаат во овие установи, болниците ширум државата и инфективните одделенија во Скопје – Инфективната клиника, ГОБ „8 Септември“, Институтот за белодробни заболувања, болницата во Козле,  имаат брзи тестови, пациентите кои доаѓаат и имаат симптоми и кај кои е индицирано тестирањето. Дали ќе биде антигенско или ПЦР тестирање ќе биде оставено на проценка на лекарот специјалист. Сите тие тестови како донација се апсолутно бесплатни. Не плаќаат за тоа граѓаните. Дополнителна количина ние ќе купиме. Со ребалансот на буџетот добивме близу 40 милиони денари и ќе бидат наменети за брзи тестови. Едноставно да стигне количина на тестови насекаде низ државата, во сите места каде што се прави тестирање да согласно проценката и индикацијата се направи еден или друг тип на тест, истакна Филипче.
Филипче информираше дека тоа што денеска пристигнаа во Здравствениот Дом Скопје 4000 тестови е набавка од страна на оваа установа и се оспособи пунктот во Ѓорче Петров, во којшто граѓаните ќе можат да ги прават брзите тестови.
-Денеска разговаравме и веројатно во текот на следните два, три дена и тие тестови за граѓаните ќе бидат бесплатни. Ја видовме реакцијата, се искоординиравме со директорот на Здравствениот дом, така да една огромна количина на тестови веќе е достапна на пациентите. Уште поголема количина ќе биде достапна во периодот којшто доаѓа. Тоа е нешто на што интензивно работиме. Ниту еден пациент не бил препратен од јавна во приватна лабораторија, изјави Филипче.
Тој рече дека не може да се запрат граѓаните да прават приватни лабораториски услуги.

-Впрочем и претходно, огромен број граѓани правеа крвни анализи, крвна слика во приватните лаборатории. Ова е само уште една услуга којашто сега се наметна и граѓаните едноставно одат и се тестираат во приватните лаборатории. Ниту еден пациент не останал без тест, ниту пак бил препратен од државна во приватна лабораторија. Тоа е многу важно да се знае. Не можеме ниту да ги ограничиме граѓаните, ниту лабораториите да го прават тоа што со години наназад го правеле, сега само како една екстра услуга за ковид – тест, а нашиот систем го надградуваме секојдневно со се повеќе тестови. Ниту еден пациент не останал без тест во јавно-здравствена установа, подвлече министерот за здравство Филипче.

Next Post

Од следната недела компаниите ќе може да аплицираат за сите мерки од четвртиот сет, најавува Бектеши

Shortcut

Најново

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тутунари, не дозволувајте грешките при пакувањето и чувањето да ви го намалат откупот

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk