Франција ја продолжи вонредната здравствена состојба до 16 февруари поради зголемениот број случаи на заразени со коронавирусот.
Поради недостиг на кворум за време на седницата на Националното собрание во вторникот, вонредната состојба беше продолжена само до 14 декември.
Сепак, гласањето повторно се одржа вчера и вонредната состојба беше продолжена до 16 февруари.
Двомесечната пандемска вонредна состојба, која беше прогласена во март на два месеци, беше обновена на 17-ти октомври со указ на Владата.
Тоа и дава на владата моќ да ограничи одредени права на граѓаните низ целата земја или во одредени региони.
Во надеж дека ќе го спречат брзото ширење на Ковид-19, британските власти од денеска воведуваат нов карантин за 56 милиони жители.
За да ја смири загриженоста на граѓаните, британскиот премиер Борис Џонсон вети дека карантинот ќе заврши на 2 декември.
Велика Британија е земја со најмногу жртви од Ковид-19 во Европа и има 48.000 смртни случаи.






