ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Царовска и Шахпаска: Mакедонскиот модел на деинституционализација препознаен како позитивен пример за други земји

November 5, 2020 12:11
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерките за образование и наука и за труд и социјална политика Мила Царовска и Јагода Шахпаска  ги презентираа македонските искуства во деинституционализацијата на грижата за деца на онлајн тркалезната маса организирана од УНИЦЕФ и Министерството за образование на Белорусија. Учеството на претставници на Република Северна Македонија, на покана на УНИЦЕФ, е одраз на позитивната оценка за нашиот модел на трансформација на грижата за децата – од систем заснован на безлични и гломазни институции, кон грижа во семејство или во средина налик на семејната.

Северна Македонија е една од ретките земји во регионот и во Европа во која ниту едно дете под 18 години не е сместено во институција за долгорочно сместување.

Министерката за образование и наука Царовска посочи дека реформите во образовниот систем ја гарантираат инклузијата на сите деца во образованието.

„Во тек е трансформацијата  на посебните училишта во национални, односно регионални центри кои ќе нудат стручни, материјални и просторни ресурси за учениците со попреченост, нивните семејства и воспитно- образовниот кадар во редовните училиштата. Тие ќе вршат индивидуален третман и рехабилитација, ќе ја обезбедуваат образовната/ личната асистенција, ќе учествуваат и во реализација на дел од модифицираната програма за учениците со комплексни потреби, согласно со препораките на стручното тело за функционална проценка“, рече министерката Царовска.

Од следната учебна година секое дете со попреченост пред влезот во образовниот систем ќе оди на проценка на функционалноста за да се определи поддршката што детето треба да ја добие во образовниот систем – образовен/личен асистент, поддршка од други стручни работници, адаптација на просторот, односно разумно прилагодување на училишната средина, укажа Царовска.

Во текот на наредната учебна година услугите кои се наменети за децата да имаат еднаков влез во образовниот систем ќе бидат комплетно финансирани преку системот за образование.

Министерката Шахпаска истакна дека деинституционализацијата е процес на трансформација на целото општество.

„Да, преселбата на корисниците од големите резиденцијални институции е исклучително важен, но е само еден чекор. Клучниот предизвик е да осигураме секое дете да расте во семејна средина и целосно да учествува во сопствената заедница – онаму кадешто припаѓа, кадешто е најсилно и најбезбедно“, нагласи министерката Шахпаска

Next Post

Ќучук: Чувствата на граѓаните постојат од двете страни на границата и не треба да си играме со нив

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk