ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Кога некој бега од правда како вампир од лук

Така ни помина летото и ни почна есента. Во меѓувреме, баботи евроатлантската агенда. Луѓето се збунети, гледаат лево десно, како на пинг-понг натпревар. Де црна пропаганда, де чекори кон ЕУ и НАТО. Во што да поверуваат? Се губи време, драгоцено време, а тоа значи и многу пари, ресурси… Јавноста е нетрпелива, дополнително контаминирана со лажните вести и црната пропаганда на сѐ уште моќната и полна со пари, машинерија на режимот

September 24, 2019 12:52
in ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА 

Работните групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не постигнаа договор за Законот за Јавно обвинителство (ЈО)… Се одржа лидерска средба меѓу Заев и Мицкоски, која заврши во три часот по полноќ, без решение… Двете страни во преговорите оставија простор за консултации во партиите со цел да се усогласат разликите… Заев го повика Мицкоски на лидерска за ЈО… Мицкоски не дојде на лидерска за ЈО, бара предвремени избори… Мицкоски не бара предвремени избори, дојде на лидерска… Мицкоски се предомисли, бара предвремени избори… Мицкоски бара да умре СЈО… СЈО умре, Мицкоски бара да умрат и истрагите и обвиненијата за криминалите на претходната власт… Поднесени амандмани… Поднесени амандмани на амандмани… Министерството за правда прифати голем дел од амандманите… ВМРО-ДПМНЕ против амандманите на ВМРО-ДПМНЕ… Има план Б… Ако има план Б, ВМРО-ДПМНЕ не преговара… Нема план Б… ВМРО-ДПМНЕ пак не преговара… ВМРО-ДПМНЕ реши да преговара… Јовески ги презеде предметите на СЈО… Рекет… Притвор, Катица Јанева и Боки 13 во апс… Жестока кампања на Мицкоски и компанија… Лажни вести и црна пропаганда… И така во недоглед…

Така ни помина летото и ни почна есента. Во меѓувреме, баботи евроатлантската агенда. Луѓето се збунети, гледаат лево десно, како на пинг-понг натпревар. Де црна пропаганда, де чекори кон ЕУ и НАТО. Во што да поверуваат? Се губи време, драгоцено време, а тоа значи и многу пари, ресурси… Јавноста е нетрпелива, дополнително контаминирана со лажните вести и црната пропаганда на сѐ уште моќната и полна со пари, машинерија на режимот. Многумина од нас, со револт гледаме како се преговара со криминалците што очигледно сакаат само да се спасат од одговорноста за своите зулуми додека ја држеа во своите канџи државата повеќе од една деценија. И, со право се лутат луѓето што сѐ уште ја нема одамна очекуваната правда.

И министерката за правда, Рената Дескоска, и Антонио Милошоски на ВМРО-ДПМНЕ, велат дека меѓу нивните ставови постојат суштински разлики. Тоа е точно, го знаеме сите. Од една страна е притисокот врз системот да попушти и на крајот да крахира, за да нема одговорност за злоупотребите, криминалот и насилствата, а од другата страна е  да се воспостави демократија и владеење на правото. Првото значи пропаст и враќање во минатото, второто значи напредок и иднина. Можеби затоа, вреди државата да вложи онолку време, енергија, упорност и ресурси колку што е потребно, за да се обезбеди напредокот и иднината. Да се подготват закони што е можно поблиску до она што подразбира непречено владеење на правото. Да изгради механизми тие закони и да се спроведуваат неселективно и независно од политиката. Да обезбеди механизми да не се врати минатото. Тоа што изгледа како губење време, во овој контекст е, всушност, инвестиција.

Да не се заборави, овие преговори, колку и да нѐ прават гневни, се должат на распоредот на силите во парламентот. Мицкоски и неговата партија не се ни оддалеку немоќни. Уште повеќе, коалицијата што е на власт, во своите редови има преголем број политички ентитети кои бегаат од правдата како вампир од лук. Очигледна е соработката и координацијата што постои меѓу дел од политичките партии во владејачката коалиција и ВМРО-ДПМНЕ. Најмалку што прават е тоа што тие тивко ги бојкотираат овие процеси, а секаде каде што можат, ги опструираат. Да не говориме за суштинскиот интерес на Али Ахмети и неговата партија, правда во Северна Македонија да нема. Или барем да ја нема за него и неговите најблиски соработници. А неговата неказнивост минува низ портите на грдата палата.

Во овој миг, ако се фрли само еден дијагонален поглед на Собранието, ќе видиме за што се работи. Колку и да не сакаме да го признаеме тоа, колку и да сме лути на општата состојба во државата од моментот кога се преброија гласовите по изборите во декември 2016 па наваму, фактите се тие – политичкото сѐ уште доминира над правото и правната држава. Тоа е.

Затоа, сепак, колку и да не сакам да ги напишам овие редови, ќе морам да признам дека не е губење време, туку само соочување со реалноста.

При сите овие размислувања, на овој off-road меѓу тегобната реалност и очекувањата, секако, остануваат многу прашања и знаци за предупредување и опасност. Што значат добрата волја и стандардите на едните, наспроти цврстата волја да се осуети секоја надеж за правда на другите? Што се чека со спроведување на законите што веќе се во сила и според кои Шутка треба да ги прими на својата рецепција, барем десетина познати и докажани виновници за нашите неволји? Ако не се усогласија ставовите ни по толку време, дали има шанси да се усогласат во овој временски теснец, ако не со компромиси што ќе имаат погубен ефект врз владеењето на правото, а олеснувачки за осомничените, обвинетите или осудените за тешки кривични дела? И многу други прашања…

Значи, ништо ново: се работи за дијаметрално спротивни позиции. ВМРО-ДПМНЕ грчевито се бори да ја закопа правдата и да ги закопа предметите започнати во СЈО, а СДСМ притиска да се донесе Закон за јавно обвинителство со стандарди и континуитет во правосудните реформи. На Северна Македонија ѝ се потребни итни решенија, особено во пресрет на октомвриската одлука во Брисел за почеток на преговорите за членство во ЕУ.

Во меѓувреме, ВМРО-ДПМНЕ води жестока предизборна пропаганда. Кога и да се одржат изборите, тие веќе обезбедија предност, бидејќи не се чувствуваат одговорни, ниту имаат намера да учествуваат во процесите на приближувањето кон ЕУ, бидејќи агендата им е сосема спротивна. На другата страна се СДСМ и Владата на РСМ кои, дури и да не сакаат (а сакаат) да имаат одговорност, мораат да го истераат овој процес до крај. Во секој случај, потребно е да се мисли и на тоа дека постојат низа други формати кои ќе ги вклучат и институциите и јавноста, што ќе ја надмине рамката на форматот – преговори меѓу две партии. Сигурно постојат и други партии во земјата кои застапуваат голем број граѓанки и граѓани, постои јавност, невладини организации со сериозен експертски потенцијал. Постои законодавен дом каде што и онака ќе се донесат конечните одлуки. Вреди да се биде истраен и трпелив, но вреди и да се мисли на други „формати“…


Сите права се задржани. Преземањето е возможно само со писмена дозвола од Редакцијата.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Без вода неколку улици и дел од Клиничкиот центар

May 9, 2025

Судење за сообраќајката во која загина Фросина Кулакова, Васил Јованов призна вина, родителите бараат за него најстрога казна

May 9, 2025
Фотомонтажа: Фронтлајн

ЕУ останува сон за Македонија, смелите одлуки „пекол“ за политичката елита!

May 9, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Спротивставувајќи се на Трамповата Америка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Роберт Превост, новиот папа?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Идентитетот на новиот папа ќе го објави кардиналот Доминик Мамберти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk