ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кога не одговараат на мејл, студентите им се обраќаат на професорите преку социјалните мрежи

November 12, 2020 10:15
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Во услови кога студентите преку електронските алатки ги следат предавањата, а и на тој начин ги полагаат испитите и колоквиумите, многу важен сегмент е комуникацијата што ја остваруваат со професорите и асистентите. Дел студентите успеваат да одржат двонасочна комуникација со нив, но во случај кога имаат потешкотии тоа да го направат преку e-mail, комуникацијата се сведува на социјалните мрежи или пак, преку телефонска врска.

„Мета.мк“ разговарале со неколку студенти во врска со тоа кои алтернативи ги користат доколку не успеат да искомуницираат со професорите за дадениот предмет. Студентката Евгенија Јовановска на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје вели дека иако на нејзината катедра се прилично постара генерација на професори, сите се снаоѓаат со онлајн часовите, но проблемот е што професорите или не одговараат воопшто или многу доцна одговараат на мејловите испратени од студентите.

„Еднаш се случи да пропуштам предавање бидејќи професорката испратила мејл во 11 часот вечер со линк за часот. Друг пат имаше ситуација воопшто да не ми стигнал меилот со линк за часот, или пак мејл со материјали кои што ми се потребни за наредниот час. Во тој случај мора да се снаоѓаме меѓу колегите, на што исто така не можеш многу да се потпреш, бидејќи не секој ќе сака да ти помогне“ изјави за „Мета.мк“, студентката Јовановска.

Како што појаснува таа, најголем проблем имала по еден предмет од нејзината катедра за кој одминал првиот академски месец додека го слушне првото предавање.

„Професорката ја исконтактирав на мејл, не ми врати, потоа ја добив со помош на библиотекарот, но повторно ми одговараше по неколку дена или пак не ми одговараше воопшто, потоа некако се најдов со колеги од друг факултет кои ми кажаа нејзини информации на Skype. Ја исконтактирав и таму, но не ми одговори и на крајот и пишав на вибер и сѐ што добив е само една порака која (претпоставувам) и се праќа автоматски на сите нови контакти. Подоцна повторно го исконтактирав библиотекарот. По еден месец, конечно го имав првото предавање“, додава студентката.

Во вакви случаи, како што вели Јовановска, студентите најчесто се обраќаат во Фејсбук групите за комуникација каде се праќаат линковите и материјалите во случај некој да не ги добил, но исто така проблем се јавува и со изборните предмети кои што многу од нив не се активни, а фидбекот од професорите е мал.

Слични поплаки и искуства може да се забележат во фејсбук групите за комуникација кои си ги креираат самите студенти. Тие најчесто се поделени во групи согласно студиите, но на некои факултети има и општи групи каде членуваат студенти од сите катедри на самиот факултет. Таму најчесто се консултираат и информираат во врска со испити, колоквиуми, учебници, скрипти, распореди, но и контакти од професори. Во дел од нив, може да се забележат коментари и објави од типот:

„Има ли студент кој успеал да оствари барем визуелен контакт со проф (…) во последно време? Дали некој знае кога ѝ е приемно време и дали некој има нејзин тел. број?“, прашува еден студент.

Друга студентка пак, прашува: „Колеги, да не знаете термин за земање оценки кај проф (…) или некаков контакт? Не враќа на мејл“.

Некои од студентите бараат помош од своите колеги за алтернативни решенија: „Дали некој знае кога му е приемно време на (…) или како да стапам во контакт, на мејл не враќа?“ – прашува студентка, на која во објавата и коментираат други студенти: „Дојди во петок, има испит, може ќе го најдеш ама не е сигурно зошто често закажува термин без да се појави. И јас го бркам 2 месеци за оцена“. Студентката која го поставила прашањето и одговара: „Јас една година, не знам ни како ќе ми ја даде“.

„Здраво дали имате мејл од проф (…)?“ прашува една студентка, на која друг студент ѝ одговара: „Пиши ѝ на фб зашо не враќа на мејл“.

Но, има и такви кои се шегуваат во коментарите на сметка за тоа што професорите не се достапни. На прашање од студентка која прашува дали некој има контакт од една професорка, нејзините колеги и одговараат дека професорката не одговара на мејл:

„Јас и имам пишано на професорката на фејсбук, џабе хаха“;
„Ако ја најдеш, поздрави ја“;
„Пиши пропало“.

Ова се дел од коментарите кои може да се забележат по фејсбук групите за комуникација на студентите.

Студентот Стефан Божиновски од Факултетот за ликовни уметности во Скопје пак, за „Мета.мк“ вели дека и пред пандемијата комуникацијата со професорите се одвивала онлајн. Олеснителна околност на нивниот факултет е што консултациите понекогаш се вршат и во живо, бидејќи студентите по некои предмети имаат настава со физичко присуство, а воедно и тие самите не се во огромен број што и ја олеснува меѓусебната комуникација.

„Консултациите и комуникацијата со професорите онлајн и сега, а и пред пандемијата се одвиваат генерално преку мноштво на канали, во зависност од кој канал соодветната група и професорот ќе одлучат дека најмногу им одговара за комуникација, било тоа да е мејл, социјални мрежи, апликации од типот на Viber итн.“

Горан Спирески, студент на Економскиот факултет вели дека од почетокот на семестаров немал проблем да стапи во контакт со некој професор.

„Комуницирав со една професорка, но повеќе сме во контакт со асистентите. Тие ни се ставаат на располагање за домашни работи, задачи, трудови ако треба. Сепак има двонасочна комуникација, барем од нашата катедра по финансиски менаџмент“ рече за „Мета.мк“ студентот Спирески.

Во случај на пандемија, кога контактите во живо се ограничени, на студентите и на професорите не им преостанува ништо друго освен да ги исцрпат сите можности за користење на онлајн електронските алатки, сè со цел да ја одржат комуникацијата, но и образовниот процес во тек.

 

Next Post

Брисел сѐ уште се надева дека Скопје и Софија можат да постигнат компромис

НАЈНОВО

Мециновиќ: Левица ќе биде обединувачка сила на сите антивладини гласови во Скопје

October 23, 2025

Мециновиќ прифати дебата со Ѓорѓиевски на телевизија Телма

October 23, 2025
Фото: МИА

Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk