ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Брисел сѐ уште се надева дека Скопје и Софија можат да постигнат компромис

November 12, 2020 10:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската Комисија не се откажува од започнување преговори со Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел.

На барање на МИА за реакција по средбата на премиерите на Севена Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов во Софија, Европската Комисија останува на ставот дека двете страни треба да изнајдат компромис и дека може да се надминат несогласувањата.

„Ги охрабруваме двете страни да продолжат со напорите за изнаоѓање решение за нивните билатерални проблеми“ рече за МИА портпаролката за проширување Ана Писонеро.

На 17 ноември треба да се одржи Советот на министри на ЕУ на кој ќе се разговара за проширувањето и на кој треба да се донесе одлука за усвојување на преговарачката рамка на ЕУ со Северна Македонија, но Бугарија за сега не отстапува и смета дека не може да даде зелено светло додека не се изнајде компромис околу прашањата за јазикот, краткото име и историските теми.

„Продолжуваме да се надеваме дека може да се постигне договор за преговарачката рамка наскоро со цел да се одржи првата меѓувладина конференција што е можно побрзо“ вели Писонеро за МИА.

Во Европската Комисија не е сменет вокабуларот, велат оттаму, секогаш велеле „што е можно побрзо“, никогаш не лицитирале со датуми.

Само германското претседателство и самиот европски комесар за проширување јавно изјавуваат од старт дека се надеваат на прва меѓувладина до крајот на оваа година, односно во рамките на претседавањето на Германија со ЕУ.

Со оглед на тоа, велат од ЕК, употребата на фразата „што е можно побрзо“ не претставува ниту ретерирање, ниту некаква промена во амбициите на Комисијата во однос на Северна Македонија.

„Ги поздравуваме напорите на германското претседателство за олеснување на разговорите помеѓу Бугарија и Северна Македонија со цел постигнување на договор во Советот за преговарачката рамка“ е официјалниот став на Европската Комисија, која и натаму останува во контакт со сите страни за да го помогне процесот.

Во Брисел не се добива впечаток дека Северна Македонија постапува неконструктивно во овој процес, велат дипломатските извори кои ги консултираше МИА и се гледа позитивно на физичката посета на премиерот Заев на Софија во рамките на Берлинскиот процес.

Се остава сега на сите страни да продолжат со контактите и обидите за постигнување компромис, и, иако бугарската страна нема поддршка од другите земји членки за своите ставови, нејзиното право на вето е безусловно, и ниедна земја, ниту институција не може да се меша во билатерални прашања, нагласуваат дипломатите во Брисел.

Next Post

Шахпаска: Социјалното партнерство и постоењето на социјален дијалог е од огромно значење , затоа што тоа води до изнаоѓање на издржани решенија

НАЈНОВО

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk