– Во 2016 година излеговме на улица со Шарената револуција. Сите политички чинители, сите желни за слобода на мисла и говор, сите на кои им беше доста од автократија и самопрокламирана олигархија, рекоа НЕ. И ова НЕ на граѓаните кои беа маргинализирани и уплашени, направија едно големо ДА, рече премиерот Заев во Берлин, во говорот при примањето на наградата за човекови права за 2020 што ја доделува Фондацијата Фридрих Еберт.
„ДА за европска држава, ДА за прогресивните процеси, ДА за крај на неразумните кавги со соседите, ДА за едно општество за сите, ДА за НАТО, ДА за подобар живот за сите!“, нагласи Заев.
Ј. Ѓ.