ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

Вирусот ги запали регионот и Европа, на сила нови рестриктивни мерки

November 18, 2020 10:35
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Корона вирусот беснее низ цела Европа и низ светот полнејќи ги црните статистики на сите држави, како со нови заразени пациенти, така и со починати. Исклучок не се ниту државите од регионот во кои рапидно расте бројот на смртни случаи.

Во Србија во последните 24 часа од корона вирусот се заразени нови 4 994 лица, од последиците од корона вирусот починале 24 пациенти. Ова е најлош ден од почетокот на епидемијата во Србија. Србија од вечерва оди под полициски час со цел спречување на ширење на зарзата. Почнувајќи од 21 часот, па се до 5 науто под клуч ќе бидат угостителските објекти, ноќните клубови, трговските центри и продавниците. Мерките ќе важат 15 дена, до 1 декември. Министерот за здравство, Златибор Лончар изјави дека 1 100 здравствени работници се позитивни на коронавирусот, а 52 од нив се хоспитализирани.

Во Словенија, рекордни 45 лица починаа од коронавирус во последните 24 часа, а потврдени се 1 388 нови случаи, објавено е на владиниот профил на Твитер. Словенечката влада ги продолжи мерките против епидемијата за уште 30 дена во кои ќе може да се преземат активности за забавување на ширењето на вирусот.

Во Бугарија во последното деноноќие регистрирани се нови 3 519 случаи на Ковид-19. Дури 152 лица починале за истиот период, се наведува на владината веб-страница за следење на епидемијата.

Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани нови 1 945 случаи на инфекција со коронавирус, а 31 лице починало, објави Националниот штаб за цивилна заштита. Бројот на активни случаи во Хрватска се искачи на 15 371, меѓу нив 1 827 пациенти се на кислородна поддршка.

Минстерството за здравство на Албанија информираше дека во последните 24 часа опасниот вирус е дијагностициран кај 694 лица, што е највиска дневна бројка до сега. Техничкиот комитет на експерти за заразни болести на Албанија денеска донесе одлука за дополнителни ограничувања поради ширењето на коронаврусот. -Од денес се забранува собирање на повеќе од 10 лица на отворен и затворен простор, забрана за партиски состаноци и собири, конференции, церемонии по повод празници, како и домашни веселби и погребни церемонии кои ќе може да се одржуваат само во кругот на семејството. Поради влошената епидемиолошка состојба Комитетот, чии одлуки се правосилни и нема потреба од дополнително одобрување од страна на Владата или ресорното министерство, на 11 ноември воведе полицски час од 22:00 до 06:00, а од 15 октомври задолжително носење заштитна маска и на отворен простор.

Националната организација за јавно здравје на Грција, денеска соопшти 63 смртни случаи од Ковид-19 и 2 422 новозаразени, јави дописничката на МИА од Атина. Во споредба со вчера, за 43 е зголемен бројот на пациенти приклучени на апарати и денеска изнесува 443.

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган соопшти дека Турција, поради зголемениот број случај на зараза со коронавирусот, ќе воведе полициски час кој ќе се однесува на викендите и ќе трае од 20 часот навечер до 10 часот наутро, јавуваат турските медиуми. Поради мерките, одделни дејности како фризерските салони, трговските центри, рестораните и продавниците ќе мора да го прилагодат работното време. Покрај полицискиот час, Турција реши да ги затвори училиштата, па сè до крајот на полугодието наставата ќе се одвива онлајн. Останатите мерки кои ги најави Ердоган вклучуваат затворање на кафулињата и баровите на неодредено време, како и затворање на кино-салите до крајот на годината. Турција во последните 24 часа регистрирала 3 316 нови случаи на зараза со вирусот.

Сите овие бројки укажуваат на опасноста од корона вирусот и неможноста на државите лесно да се справат со силниот бран. И државите кои важат за поразвиени и поопремени во здрваствените системи потклекнуваат пред налетот на Ковид-19.

Д. Е.

Next Post

Светот е зафатен од силен втор бран од коронавирус, пандемијата однесе 1,33 милиони животи

Shortcut

Најново

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Амeриканските гласачи денеска избираат – меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk