ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Масовна гробница со петнаесет до седумнаесет тела кај Рашка во Србија

November 19, 2020 10:51
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на српската Владина комисија за исчезнати лица, Вељко Одаловиќ, изјави дека информациите укажуваат дека на локацијата Кижевак, во близина на Рашка, потенцијално се наоѓаат петнаесет до седумнаесет тела, пренесува МИА.

-Додека не заврши целосното пребарување на локацијата, сè додека не се земат ДНК причините од посмртните остатоци, се додека не се совпаднат примероците од крвта на семејствата кои ја имаат дадено, не можеме со сигурност да кажеме кому припаѓаат или што било што може да и биде соопштено на јавноста, кажа Одаловиќ за РТС, кој неодамна изјави дека ова е една од локациите што се пребарува според добиените информации од Приштина.

Тој додаде дека сака „и другите, во областите каде што се наоѓаат посмртните остатоци на Србите“, да ги пребаруваат локациите, како и дека за некои локации на Приштина и биле дадени специфични информации.

Директорот на Институтот за судска медицина во Приштина, Арсим Грџалију, претходно изјави за Радио Слободна Европа (РСЕ) дека на таа локација биле пронајдени посмртни остатоци за кои постои сомнеж дека се албански жртви од Косово, како и дека на таа локација пет години се вршат ископувања.

Одаловиќ потврди дека остатоците се пронајдени на 16 ноември.

-Пред околу десетина дена, продолживме со претрагата на локацијата Кижевак кај Рашка. Денес, на таа локација беа пронајдени посмртни остатоци, изјави тогаш Одаловиќ.

Реагирајќи на веста, Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес оцени дека поради масовните гробници и прикривање на злосторства, никој не одговарал пред судовите во Србија, додека само еден српски службеник одговарал пред меѓународните судови.

Поранешниот помошник министер за полиција и началник на Одделот за јавна безбедност на Министерството за внатрешни работи на Србија, Властимир Ѓорѓевиќ, беше осуден на вкупно 27 години затвор од Хашкиот трибунал за воени злосторства на Косово, вклучително и за пренесување на тела на убиените косовски Албанци во масовните гробници. Таа казна подоцна му е намалена на 18 години.

Во истиот твит, Одборот на САД го цитира и нерешениот случај на убиството на тројцата браќа Битичи, американски државјани со албанско потекло, чии тела беа откриени во јули 2001 година во масовна гробница во Петрово Село, во источна Србија. Комитетот потсетува дека случајот не е решен, иако „српскиот претседател Александар Вучиќ вети дека сторителите ќе бидат изведени пред лицето на правдата“.

Next Post

(ВО ЖИВО) Прес-конференција на вицепремиерот Фатмир Битиќи

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk