Српскиот претседател Александар Вучиќ, е пуштен дома по неколкудневно лекување на Воедната медицинска академија, пренесе МИА.
Вучиќ и претходно најави дека од понеделник ќе почне со стандарните обврски.
Српскиот претседател беше примен во болница во петокот попладне поради кардиваскуларни проблеми.
Министерот за здравство Златибор Лончар во саботата истакна дека Вучиќ има хронични проблеми, и било проценето дека животот на претседателот е загрозен.