ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Васко Ефтов во најава за емисија со Филип Петровски: Груевски подготвува смена во ВМРО-ДПМНЕ, Николоски да го замени Мицкоски!

November 21, 2020 23:13
in ZOOM IN, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Продолжуваат тепачките околу престолот во ВМРО-ДПМНЕ. Веќе подолго време „матниот играч“ Васко Ефтов води „војна“ против Мицкоски, а еден од најчестите гости-вмровци му е уште поматниот Филип Петровски.

Со вообичаената помпа, Ефтов, кој секогаш е полн со информации со кои умее да манипулира, понекогаш и успешно, најави дека утре во 22 часот ќе ја објави својата емисија „Во центар“ во која Петровски ќе говори за состојбите во неговата матична партија која е во длабока криза.

Ефтов открива дека во интервјуто Петровски вели дека „во овој момент Антонијо Милошоски е човек број еден во ВМРО-ДПМНЕ и дека тоа е дел на тоа кичевско удбашко крило во партијата. Дел од тоа крило според него е и семејството на сегашниот лидер на партијата, Христијан Мицкоски“.

Понатаму, Ефтов открива дека според Петровски, „ни Мицкоски ни Молошоски нема да бидат уште долго на чело на партијата бидејќи Никола Груевски работи на инсталирање на сегашниот Потпретседател, Александар Николоски да биде идниот лидер на опозицијата“.

Наводно, според информациите кои Ефтов ги добива од Петровски, „Николоски веќе прави коалиција со моќни медиуми и новинари, како и со дел од тајкуните блиски на ВМРО ДПМНЕ да го поддржат во лидерската битка за тронот на партијата“.

Не е за занемарување ни податокот, ако е точен, кој Ефтов ги открива во својата најава за тоа дека „Николоски е производ на Груевски… беше избран да биде Претседател на младината на ВМРО-ДПМНЕ по оставката на Игор Гиевски кој (според Петровски), сега ги води бизнисите на Мицкоски“.

Без оглед на тоа колку се точни или неточни сите информации кои можат да излезат од ликови како Ефтов и Петровски, едно е сосема јасно и видливо – агонијата на Мицкоски продолжува.

Next Post

Сончево, со умерена облачност и со слаб ветер

Shortcut

Најново

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

June 28, 2026

КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

June 27, 2026

„30 години музичка слобода“: Групата „Фолтин“ со звучна монографија на винил го започна големиот јубилеј

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поповиќ: Кочовска призна дека во Буџетот нема пари – со зголемување на дефицитот се кршат и законите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk