ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПАНДЕМИЈА

И натаму високи бројки позитивни на КОВИД-19, апел да се почитуваат сите мерки за заштита

November 22, 2020 10:55
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА
EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Share on FacebookShare on Twitter
 Бројките на позитивни на коронавирусот и на оние кои им е потребно болнично лекување и натаму остануваат високи. За подобро справување со ситуацијата и користење на сите ресурси на државата, па и приватните здравствени установи, Владата прогласи кризна состојба, а ЦУК веќе усвои Акциски план со 17 точки. И натаму остануваат апелите на надлежните, но и на здравствените работници кои се на првата линија во борба против пандемијата за почитување на сите мерки.

-Кризната состојба на целата територија на Северна Македонија во траење од 30 дена, што на предлог на Советот за безбедност ја прогласи Владата, и овозможи на Армијата да дава поддршка на полицијата и на здравствените установи, напиша вчера на Фејсбук претседателот Стево Пендаровски.
Претседателот додаде дека според Законот за менаџирање со кризи, Армијата ќе и помага на полицијата во обезбедување на стратешки објекти, болници, како и во обезбедување на магацини со лекови и со друга заштитна медицинска опрема.
-Сметам дека ваквата помош и поддршка е повеќе од потребна за здравствените власти и полицијата, коишто веќе деветти месец деноноќно се борат се пандемијата на #КОВИД19 и се крајно исцрпени, пишува Пендаровски на Фејсбук.
Синоќа на состанокот на главниот кризен штаб во Центарот за управување со кризи беше донесен Акциски план кој содржи 17 точки.

-Ние ќе работиме можеби споредна улога во ситуацијава, која ќе биде многу значајна за јавноста и на јакнење на јавната свест за граѓаните да сфатат дека се работи за една опасна болест со тоа што ќе бидат вклучени и претставници од невладиниот сектор, кои ќе бидат определени од Советот на Владата за соработка со невладини организации, вели Стојанче Ангелов.

Тој додава дека Армијата ќе и асистира на МВР, но и ќе им помага и на здравствените установи онаму каде што е најпотребна. Во овој случај, појаснува, кога е прогласена кризна состојба Армијата има право да презема одредени дејствија во делот на обезбедувањето.

-Акцискиот план треба да се разгледа од страна на Управувачкиот комитет пред да стапи на сила, вели Ангелов.

Во видео обраќање, докторите Милена Стевановиќ, Дејан Докиќ, Калина Гривчева-Старделова, Илир Демири, Ирена Рамбабова Бушљетиќ, Димитар Каркински и медицинскиот техничар Сабри Азири порачуваат да бидеме нивна поддршка. Тие апелираат да ги почитуваме мерките за да може да им помогнеме и на нив, кои изминативе девет месеци се во првите борбени редови.
-Ангажирани сме цело време со сета наша желба да дадеме најдобро што можеме. Одамна престанавме да пресметуваме работно време. И ние имаме семејства, имаме деца, имаме постари родители. И ние не сакаме да ја однесеме болеста дома, ниту пак да се разболиме. Се трудиме и ќе настојуваме ниту еден пациент да не остане без потребната медицинска заштита за третман во болнички услови. Ова ќе трае и само сплотени можеме да дадеме придонес, за да можеме да им помогнеме на нашите пациенти. Ве молиме! Придржувајте се до препораките, носете ги маските, одржувајте ја дистанцата. Само така ќе излеземе победници во оваа битка, порачуваат докторите.

Од Министерството за здравство апелираат за почитување на мерките – носењето на заштитна маска, одржувањето на физичка дистанца, негрупирањето, како и честото миење на рацете, кои, како што велат, се клучните мерки во справувањето со Ковид-19 кризата.

-Капацитетите на болниците се веќе преполнети, а динамиката на излекување и прием на нови пациенти е се потешко одржлива. Целиот медицински персонал е преморен, но тие не се откажуваат во грижата за нашите пациенти. Да бидеме одговорни и да се грижиме за сопственото здравје и здравјето за нашите најблиски, посочија од Министерството за здравство.

Нови 1182 случаи позитивни на коронавирусот беа регистрирани вчера за изминатите 24 часа од направени 3109 тестирања. Во истиот период се регистрирани и 707 оздравени пациенти, како и 25 починати лица. Од Министерството за здравство информираа дека вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.292 и има околу 120 празни болнички кревети во ковид центрите, напоменувајќи дека бројката е променлива поради нови примени и исписи на оздравени пациенти./MИА/

Next Post

Во Австралија осма жртва на напад на ајкули оваа година

Shortcut

Најново

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Николоски: Автопатот Прилеп – Битола станува симбол на развојот на Пелагонија

June 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk