ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пладневен преглед: Зоран Кардула донира постери за хуманитарни цели, Филипче го пoвика Мицкоски да престане со лагите, растот ковид случаи е резултат на однесувањето на поединецот…

November 28, 2020 12:01
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Филипче до Мицкоски: Срамни лаги на лидер на партија, кревети и кислород има, макотрпно работиме да ги обезбедиме. Филипче го повика Мицкоски на Клиниката за уво, нос и грло на пример, најновото спремно Ковид одделение, за да се увери.

Бројките на новозаразени се стабилизираат, мерките се ефикасни ако се почитуваат. Апелирам на почитување на мерките, како едиствен начин во моментов целосно да ја стабилизираме состојбата, истакна вчера министерот за здравство.

Уште една жртва на ковид 19 во лекарската фела, почина ортопедскиот хирург Драган Спасески. Специјализираната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид преку писмено соопштение изрази големо жалење поради загубата на својот долгогодишен доктор, истакнатиот македонски ортопед, поет и ликовен уметник, доктор Спасески.

Филипче во посета на Прилеп, ќе се разговара за епидемиолошката состојба во градот. По зголемениот број на заболени, градоначлникот д-р Илија Јовановски побара воведување порестриктивни мерки во градот.

Зоран Кардула донира постери, финансиите се наменети за Ангел Димитриевски. Фронтлајн се информира кај авторот дека остана само уште еден од овие постери.

Д-р Бошкоски: Зголемениот број случаи на ковид-19 во С Македонија е последица на однесувањето на секој поединец. Посочува дека е често контактира со министерот за здравство Венко Филипче за советување за мерките што се преземаат.

Одделот за неврологија во гостиварската болница се отвора за болни од Ковид. На располагање  ќе бидат ставени и дваесетина здравствени работници и дваесет болнички кревети.

Македонскиот јазик и идентитет се неспорни, можен патоказ кон Договорот со Бугарија, но не како дел од преговарачката рамка. Вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски изјави дека одлуките на партијата и на Владата се синхронизирани за се што изнел и дообјаснил премиерот Зоран Заев во неговото интервју за бугарската БГНЕС.

Совет на амбасадори: Историската наука го дала својот збор, политиката треба да се занимава само со сегашноста и иднината. Советот на амбасадори по повод најновите случувања во македонско-бугарските односи оценува дека секоја интервенција на минатото може да биде погубна и погрешно да се толкува со несогледливи последици.

Фаучи: Вакцинирајте се дури и ако сте се оправиле од Ковид-19. Долгогодишниот директор на Националниот институт за алергија и заразни болести изјави дека нема причина да се верува оти вакцината може да им наштети на оние кои веќе имале Ковид-19.

Рохани го посочи прстот кон САД и Израел за убиството на истакнатиот ирански научник. Според иранското Министерство за одбрана, 52-годишниот Мохсен Фахризаде бил повреден во напад со автомобил-бомба врз возилото со кое патувал, а врз него било и дополнително пукано од неколкумина напаѓачи, кои биле убиени од неговите телохранители.

 И.Т.З.
Next Post

Поради загадувањето во Тетово, Куманово и Кавадарци - бремени и хронично болни ослободени од работа, да се згрижат бездомниците

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk