коментира: ЏАБИР ДЕРАЛА
Игор Јанушев, вмровски пратеник во Собранието, меѓу другото, ќе остане запаметен и како верен придружник на Мицкоски кој му го чисти перутот од палтенцето, но нема да се противи и ако му се даде шанса го наследи повеќекратно поразениот му шеф. Тој, сé уште нерасонет, в недела наутро, по уште еден неуспешен националистички протест со коли од лускузниот возен парк на вмровците, се втурна во оркестрираниот неделен пропаганден серијал.
Јанушев, користејќи исечок од напис омилениот партиски орган, Инфомакс, под наслов „До каде дојдовме? МВР kaзнува доколку на фејсбук пишувате пpoтив Бугарија“, се произнесува со познатиот, веќе здодевен, потпалувачки речник.
„Одродената предавничка администрација (влада) преку МВР ќе апселе. Не можете вие толку да уапсите, колку што ние можеме да ја шириме вистината!“
Повторно замена на тезите, повторно манипулирање. Во неговото време, време на мрачниот режим на Груевски, МВРО (како што самата министерка, сега в затвор, го нарекуваше) навистина апсеше така како што ќе кажеше партискиот пастир, Груевски. МВРО беше партиска милиција која го следеше само судот на тесниот партиски круг на врвот и ништо повеќе.
Од наслов во пропагандистички портал кој сее лажни вести и говор на омраза, преку Фејсбук статус во кој Јанушев „длабокоумно констатира“ (со печатна грешка или незнаење): „ПАЃАТЕ, КВИНСЛИНЗИ ПАЃАТЕ!“
Со оваа неартикулирана објава на социјалните мрежи, Јанушев успеа само да ги потврди констатациите дека вмровците се тие што ја организираат и поттикнуваат антибугарската кампања со што можат да ѝ наштетат само на својата земја. Но тоа и не е некое изненадување, познати се по тоа.
Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.