Сметката на партијата ВМРО-ДПМНЕ поради неплатени долгови поврзани со уметничките слики, била блокирана од извршител, пренесува А1он.
Како што наведуваат од А1он, не е познато која е фирмата која ја блокирала сметката, а од ВМРО-ДПМНЕ ја потврдиле информацијата за долгот и дека тој е од пред неколку години.
Трета година е веќе замрзнат и имотот од партијата ВМРО-ДПМНЕ. Со мерката се замрзнати вкупно 69 недвижнини, меѓу кои и објектот во кој се наоѓа седиштето на партијата. Дејствијата се преземени во рамки на предметот „Талир“ кој се однесува на незаконското финансирање на ВМРО-ДПМНЕ од 2009 до крајот на 2015 година, а постои сомнеж за злоупотребени 4,9 милиони евра.
извор: А1он