ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Северна Македонија води во делот на енергетските и климатски амбиции во регионот

November 30, 2020 13:55
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА
Share on FacebookShare on Twitter

Последниот извештај на коалицијата на невладини организации за клима и енергија покажува дека Северна Македонија води во делот на енергетските и климатски амбиции во регионот, иако останува уште многу работа до целосна декарбонизација, јави дописничката на МИА од Брисел.

-Западниот Балкан оди во добра насока но сѐ уште недоволно во однос на трансформацијата на енергетскиот систем, заклучува годишниот извештај на Секретаријатот на енергетска заедница на регионот.

Според Коалицијата на невладини организации, Мрежа за климатска акција Европа, се забележува дека на регионално ниво сѐ уште не се поставени цели за намалување на стакленичките емисии за 2030, ниту пак целите за обновливи енергии и енергетска ефикасност. Министерскиот Совет на енергетската заедница не ги усвоил потребните насоки за декарбонизација и не се справува со прекршувањето на ЕУ законодавството во оваа област, истакнуваат невладините организации.

Северна Македонија сепак се истакнува како една од најдобрите земји во регионот, стои во извештајот.

-Што се однесува до климата и животната средина, Северна Македонија е всушност на пат кон декарбонизација. Неодамна усвоената стратегија за енергетски развој претставува три сценарија, од кои зеленото сценарио се покажува најисплатливо и го декарбонизира електричниот сектор, стои во извештајот.

Секретаријатот нагласува дека земјата е најнапредна од сите во однос на Националниот план за енергија и клима и го поздравува усвојувањето на законот за енергетска ефикасност на почетокот на оваа година со што Северна Македонија е усогласена со законодавството на ЕУ во оваа област.

-Северна Македонија на импресивен начин го надоместува изгубеното време со обезбедување на ефикасна имплементација на третиот енергетски пакет, започнувајќи со енергетскиот закон во 2018, пишува во годишниот извештај, и се поздравува амбициозноста на стратегијата за енергетски развој за периодот 2020-2040.

Извештајот забележува меѓутоа дека нема доволен напредок во секторот на гасот, за разлика од електричниот, поради долгогодишниот нерешен спор со сопствеништвото на операторот, што го загрозува и проектот за градење на интерконектор со Грција. 

Next Post

Калфин и Ноев: Политичката храброст и разбирањето се клуч за членство во ЕУ

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Синер и Оже – Алијасим во финалето на мастерсот во Париз

November 2, 2025

(ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

November 1, 2025
Париз, Лувр. Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Еден ослободен а 38 годишна жена приведена за грабежот во Лувр

November 1, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Мики Секуловски за инцидентот на Цеца со бугарското знаме во Велес: Не забележав, требаше побрзо да реагирам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 1 и 2 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е леб со историски адитиви на кои им поминал рокот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Реал Мадрид и Барселона на чекор од напуштање на Евролигата, НБА врши притисок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИ не е Гугл, туку соработник: Како да ја користите вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk