ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Владанка Димковска: Културата е наш идентитет!

Имавме дестртуктивно минато – време е за конструктива иднина – со добро проживеана сегашност.

December 4, 2020 14:41
in FRONTACTION, ZOOM IN, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

#Frontaction

Како да го заштитиме она што го имаме и никој не ни го оспорува?

Која е казната што некој треба да ја добие за уништување на културно наследство?

Прашањата кои ме мачат се често поврзани со нашата културна матрица и културната интелигенција која ја носиме како народ. Жедна за истражување и впивање на убавината често ги посетувам нашите културни споменици.

Во ек на оспорувачки денови, кога имаме проблем со нашиот сосед и проблем со негирање на нашиот идентитет, мене ми светнуваат прашања во глава од типот – Што правиме ние за да го заштитиме тој идентитет? Која е нашата културна интелигенција како поединци и дали сме спремни да ја пренесеме љубовта кон нашата култура на помладата генерација.

 

Имав можност да го посетам Споменикот на Слободата во Кочани, монументален споменик изграден на ридот Локубија, на северозападната страна на градот. Споменикот е голем комплекс од отворени ѕидни конструкции, на кои се применети мозаици на Глигор Чемерски.

За сите што не знаат Чемерски е еден од позначајните современи македонски уметници. Неговиот стил е инспириран од експресионизмот и православните икони. Имал изложби насекаде низ светот и претставува наш голем културен амбасадор.

Споменикот на Слободата во Кочани е мозаик од најразлични камчиња, низ кои се гледа убавината на нашиот фолклор, нашата традиција. Со неговата изградба Кочани, па и Македонија се збогатени со едно уметничко ремек-дело. На 335 м2 мозаичен приказ е крунисана и овековечена историската борба на македонскиот народ за слобода од Илинденскиот период, па до НОВ. Посебно во споменикот со пиетет се ставени имињата на загинатите борци во НОАВМ од Кочани и Кочанско. Покрај историската и уметничка вредност, споменикот има и употребна вредност со изградената амфитеатрална сцена, која би требало да се користи за свечености, театарски претстави и други собири. Споменикот е прогласен за споменик на културата и како таков е влезен во регистарот на Републичкиот завод за заштита на спомениците на културата. Тој претставува слика – или сложувалка на нашиот идентитет што толку многу сакаме да го зборуваме и небулозно да се расфрламе со него, а во секојдневниот живот воопшто да не се грижиме за суштинските работи кои се темел на таа наша ДНК нишка.

Баш тој споменик денес не свети со сета своја убавина. Зошто? Споменикот е препуштен на забот на времето и е значително оштетен. Оштетувања се направени од несовесни граѓани кои откорнуваат дел од мозаикот и нанесуваат графити на споменичната површина. Бидејќи без оглед на тоа колку и да се реновира, реставрира и да се санира и прекречува, без оглед колку и ќе направи градот за него – секогаш постојат луѓе на кои убавината ќе им смета па ќе земат и вандалски ќе изнапишат партиски пароли и фашистички обележја низ најскапите нишки на нашата идентитетска матрица.

И тогаш што е нашиот идентитет – убавината на Чемерски и културното наследство што ни го оставил или деструктивното однесување на поединци врз него?

Како ги воспитуваме нашите млади да се однесуваат кон културното наследство?

Дали доволно внимание се посветува во образованито на овие великани на нашата современа уметност? Бидејќи на крај на денот – ниту економијата, ниту политиката, ниту земјоделството не се претставници на една држава – туку културата и културните амбасадори. Тие се срж на едно здраво општество, и темел за развој и градење на идентитетот.

Бидејќи идентитетот не е нешто со кое што се раѓаш. Колективниот па и личниот идентитет се гради, се создава, се осознава, се облекува и пресоблекува. Тој во себе ги сочинува сите наши одлуки – доколку одлучам да го уништувам  Споменикот на Слободата, таа одлука се врежува во мојот личен идентитет и станува дел од колективниот.

Секоја лична одлука е дел од мозаикот на нашата колективна идентитетска матрица.

Како се мери тежината на уметноста и кој треба да ја сноси последицата за нејзино уништување?

И за крај, имавме дестртуктивно минато – време е за конструктива иднина – со добро проживеана сегашност.

Да ја заштитиме убавината што ја имаме – зошто на нас – се некој друг ни е крив.

Ве сака,

В.

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Зошто токму Бучковски?

НАЈНОВО

Шпанскиот премиер побара Израел да биде исфрлен од меѓународниот спорт

September 16, 2025

Завршна декларација од Доха: Итнo прекин на агресијата врз Палестинците и санкции за Израел

September 16, 2025

Фондацијата „Никола Кљусев“ го организира регионалниот собир за кинеско-балканските односи

September 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk