ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Гутереш: Сите влади во светот да прогласат „климатска кризна состојба“

December 12, 2020 18:38
in ДЕНЕС, ЗЕЛЕНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш денеска ги повика владите да прогласат „климатска кризна состојба“ и да ги исполнат своите ветувања за намалување на загадувањето со јаглерод.

Говорејќи на отворањето на онлајн самитот посветен на климатските промени, а по повод пет години од Парискиот климатски договор, Гутереш предупреди дека тековните обврски на земјите се „далеку од доволни“ за да го ограничат зголемувањето на температурата на 1,5 Целзиусови степени .

– Ако не го смениме курсот, би можеле да се фокусираме на катастрофален пораст на температурата за повеќе од 3,0 степени во овој век, рече тој. – Затоа денес ги повикувам сите светски лидери да прогласат вонредна состојба за климата во нивните земји сè додека не се постигне јаглеродна неутралност, додаде тој.

Премиерот на Велика Британија Борис Џонсон, кинескиот претседател Си Џинпинг и францускиот претседател Емануел Макрон се меѓу лидерите кои учествуваат на виртуелниот самит. Повеќе од 75 шефови на држави се очекува да објават нови цели за намалување на емисиите или да сигнализираат силна намера да им помогнат на најранливите земји да се справат со зголемените климатски катастрофи.

Договорот од Париз ги поттикна земјите да го ограничат затоплувањето на „далеку под“ 2 Целзиусови степени преку значително намалување на емисиите на стакленички гасови.

Но, напредувањето е во застој и покрај растечкиот гнев во јавноста за состојбата на планетата и низата научни извештаи кои предупредуваат на опасностите од непреземање активност. ОН велат дека емисиите мора да паднат за 7,6 отсто годишно до 2030 година за да се задржи ограничувањето на температурата на 1,5 степени Целзиусови.

Во 2020 година, кога пандемијата го блокираше и ограничи сообраќајот, емисиите паднаа за рекордни седум проценти, соопшти ООН оваа недела.

Сепак, Гутереш изјави дека владите ја пропуштаат можноста да го „зазеленат“ своето економско закрепнување. Тој рече дека земјите од Г-20 – одговорни за најголемиот дел од
загадување со јаглерод – трошат 50 проценти повеќе во своите спасувачки пакети на сектори поврзани со фосилни горива отколку на енергија со малку јаглерод.

– Тоа е неприфатливо. Не можеме да ги користиме овие ресурси за политики што ги оптоваруваат идните генерации со планина од долгови на расипана планета, рече тој. Гутереш ги повика земјите кои веќе објавија нулта цел на загадување да ги исполнат своите ветувања и да го забрзаат намалувањето на емисиите во согласност со науката.

– Секоја земја, град, финансиска институција и компанија мора да усвојат планови за постигнување нето нула емисии до 2050 година – и да почнат да ги спроведуваат сега, вклучително и со обезбедување јасни краткорочни цели, додаде генералниот секретар на Светската организација. 

Next Post

(ВО ЖИВО) ЦИВИЛ со прес конференција за изборниот процес во Штип и Пласница

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk