ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мицотакис и Јеронимос разговарале за работата на црквите за време на празниците

December 15, 2020 11:11
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

За начинот на кој ќе работат црквите за новогодишните и божиќните празници, во период кога Грција е во карантин, разговарале грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис и поглаварот на Грчката православна црква архиепископот Јеронимос , додека пак денеска Синодот на ГПЦ ќе одржи состанок за истата тема, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од кабинетот на Мицотакис, за време на телефонскиот разговор грчкиот премиер го известил архиепископот за епидемиолошката слика во земјата и му се заблагодарил за помошта во колективниот напор за справување со пандемијата.

-Премиерот се осврна на одлуките на Комисијата на експерти кои што Владата ќе ги следи и ја повика црквата строго да ги почитува, преземајќи ги сите превентивни мерки, соопштија од кабинетот на Мицотакис.

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас во петокот рече дека црквите ќе останат затворени до 7 јануари 2021 година, со исклучок на Божиќ (25 декември) и Водици (6 јануари) кога ќе биде дозволено присуство на верници, односно, до девет лица во црквите и најмногу 25 во соборните храмови.

Оваа одлука, според медиумите во Грција предизвикала негативни реакции кај дел од митрополитите во земјата, а црквата бара едно лице на 10 метри квадратни, со најмногу 25 лица во малите цркви и до 50 лица во соборните храмови.

Според „Катимерини“, новата препорака од Комисијата на епидемиолози во Министерството за здравство на Грција, по вчерашниот состанок е едно лице на 15 метри квадратни со максимален број дозволени верници од 25 до 50 во зависност од големината и капацитетот на црквата.

Конечните одлуки и ставот на црквата се очекува да бидат донесени на денешниот состанокот на Светиот синод на ГПЦ.

Next Post
twitter killer

Јапонскиот „твитер убиец“ осуден на смртна казна

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk