ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

„Празнувај одговорно!“ – без прослави, собири и групирања

December 16, 2020 07:22
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Во периодот од 18 декември до 20 јануари на полнок угостителските објекти да работат до 18 часот наместо како досега до 21 часот, забрани за организирање новогодишни и предновогодишни прослави на отворен и затворен простор, препорака до верските заедници да не повикуваат на масовни групирања за претстојните верски празници, како и препорака до општините и работните организации да не организираат прослави. Ова е предвидено со новиот пакет-мерки кои ги усвои Владата на предлог на Комисијата за заразни болести, а со цел да се избегне зголемување на бројот на заболени од Ковид-19 за време на празниците.

Се препорачува да нема групирање на граѓаните во домовите на семејни прослави, слави и други собири во групи, се забранува групирање на јавен простор на повеќе од четири лица, се забранува групирање по паркови и други јавни места на повеќе од четири лица и доколку немаат потреба граѓаните да не ги напуштаат домовите по 18 часот.

Владата и Министерството за здравство вчера на прес-конференција ја промовираа кампањата „Празнувај одговорно“ за подигнување на свеста на граѓаните за почитување на мерките во пресрет на празниците.

– Соочени со нов предизвик во битката со Ковид-19,соочени со изборот да продолжиме со превентивните политики и со чекори за излез од кризата сега кога вакцината е на чекор до нејзината испорака или да влеземе во ризик за неодговорно празнување на новогодишните празници, кои се пред нас, Владата одлучи да ги прифати препораките на Комисијата за заразни болести за нов пакет рестриктивни мерки за периодот од 18 декември до 20 јануари на полноќ. Да издржиме сите уште малку со ваквите рестрикции и да не дозволиме со празнување да ескалира состојбата. Мерката носи име „Празнувај одговорно!“, а целта е заштита од Ковид-19 во предвечерието на вакцинацијата. Секој од нас е повикан да биде одговорен за да не се предизвика нов бран на епидемијата, токму сега кога пред нас е вакцинацијата, по која целиот свет би требало да се врати во нормала, истакна премиерот Зоран Заев.

 

Тој посочи дека ќе ја прими ковид вакцината со цел преку личен пример да даде поддршка во напорите за сузбивање на Ковид-19.

– Штом биде достапна вакцината во земјава први ќе ја примат лекарите, медицинскиот персонал и сите други на првата линија во борбата со пандемијата, а потоа хронично болните, возрасните граѓани, вработените во градинките и останатите на приоритетната листа утврдена од здравствените власти. Потоа како и многумина граѓани ќе се вакцинирам и јас, затоа што сакам со свој личен пример да дадам поддршка во напорите за сузбивање на Ковид-19, рече Заев.

Министерот за здравство Венко Филипче на прес-конференцијата рече дека состојбата со коронавирусот е стабилна, но и натаму е многу критична со оглед на бројот на заболени и хоспитализирани.

– Слободни кревети има во континуитет, а факторот на преносливост е под еден по извесен период. Но, тоа не треба да не опушти и не смееме да си дозволиме еден поинаков пристап доведе до влошување на ситуацијата. Потребно е сите заедно да бидеме одговорни за важноста на овие мерки и да не дозволиме убавите мигови во семејството да се претворат во лоши спомени. Овој празничен период да прославиме одговорно, да ги почитуваме мерките и да мислиме на своето и на здравјето на нашите најблиски. Славењето може да почека, здравјето не, порача Филипче.

Претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски вели дека не може да се забранaт прослави, но оти прославувањето мора да биде одговорно, без поголеми групирања и со луѓе кои во изминатиот период ги почитувале мерките.

 

Во врска со вакцините против Ковид, Филипче посочи дека ќе бидат бесплатни за сите граѓани, а приоритет ќе имаат здравствените работници, постарите граѓани над 60 години и пациентите со хронични кардиоваскуларни и белодробни болести.

– Апелирам граѓаните да не подлегнуваат на лажните вести и бројните дезинформации во однос на вакцините. Вакцините се безбедни, тестирани, ја поминале вообичаената фаза и на развој, тоа се практично истите платформи на кои се развиваат вакцините за сите други болести и секако административната дозвола подразбира контрола на многу процеси во делот на производство и секако клиничките студии. Примарната цел е заштита на населението и пред се намалување на смртен исход од заболувањето со Ковид-19, рече Филипче и додаде дека засега не се препораува вакцинирање на деца и луѓето кои имаат прележано Ковид и имаат антитела.

Бројот на новозаболени од Ковид-19 во државава деновиве бележи благо намалување. Според вчерашниот извештај на Министерството за здравство за претходното деноноќие, регистрирани се нови 881 случај со Ковид-19, починати се 22 пациенти, а оздравени се 806 пациенти.

На инфективните оддели во болниците низ земјава се лекуваат 1302 позитивни и суспектни на коронавирусот и има околу 190 празни кревети во ковид – центрите.

Вкупниот број ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 74.732, оздравени се 50.852, починаа 2.169, а во моментов активни се 21.711.

Next Post

Годишно обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието

Shortcut

Најново

Неказнивоста не е пропуст, туку систем

November 21, 2026

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk