ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Потврдени заклучоците за проширувањето со промените што ги бараше Софија

Заклучоците за проширувањето на ЕУ беа замрзнати поради блокадата на Бугарија за преговарачката рамка со Северна Македонија, како еден вид притисок врз Софија, но конечно денеска прифатени се барањата на Бугарија во однос на “погрешното толкување на историјата“ и употребата на долгата форма на името на Северна Македонија.

December 16, 2020 17:55
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Заклучоците за проширувањето кон Западниот Балкан се потврдени попладнево од страна на 27-те амбасадори на ЕУ во Брисел, со референца за погрешно толкување на историјата и долгото име на Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел.

Според инфoрмациите на МИА од повеќе дипломатски извори во Брисел, заклучоците се одобрени попладнево од страна на сите земји, без промени во однос на нацрт-текстот објавен денеска.

Заклучоците за проширувањето на ЕУ беа замрзнати поради блокадата на Бугарија за преговарачката рамка со Северна Македонија, како еден вид притисок врз Софија, но конечно денеска прифатени се барањата на Бугарија во однос на “погрешното толкување на историјата“ и употребата на долгата форма на името на Северна Македонија.

Заклучоците ќе се усвојат преку писмена процедура, за што се потребни 24 до 48 часа.

Вчера германското претседателство предложи нов текст кој го вклучува барањето на Бугарија.

Конечниот текст предложен вчера од германското претседателство во однос на историјата гласи:-Советот потсетува на Преспанскиот договор помеѓу Република Северна Македонија и Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Република Северна Македонија и Бугарија и ја нагласува важноста на нивната постојана имплементација. Овие два крупни чекора би требало да им стават ефективен крај на сите барања засновани на погрешното толкување на историјата, стои во последните нацрт заклучоци на ЕУ.

Оваа реченица не се појавуваше во заклучоците до крајот на ноември, но Бугарија инсистираше, повикувајќи се на заклучоците на Советот на ЕУ од 2018 година, под нејзино претседателство, кога првпат е спомената оваа реченица, по склучувањето на Преспанскиот договор.

Од тогаш оваа реченица не се појавува веќе во заклучоците на ЕУ, до вчера, по инсистирање на Софија.

Дел од овој компромис е сепак во полза на Северна Македонија сметаат некои дипломати, е дека оваа реченица не се наоѓа во пасусот од документот кој се однесува само на Северна Македонија, туку е вметнат во преамбулата на текстот во параграфот посветен на регионалното помирување, но сепак се однесува директно на Северна Македонија.

Без компромис ЕУ ќе останеше без никакви заклучоци за проширувањето на крајот од оваа година, што за германското претседателство ќе беше “дебакл“, велат дипломати од земји членки на ЕУ.

Бугарскиот притисок за употреба на долгата форма најверојатно исто е прифатен. Во нацрт верзијата од вчера се користи во цел текст Република Северна Македонија, за разлика од претходните нацрт заклучоци кога се користеше кратката форма, Северна Македонија. За сите други земји, во или вон ЕУ, се користи кратката форма, освен за Северна Македонија. Ова е исто така барање на Бугарија која смета дека кратка форма претставува иредентизам од македонска страна.

Според сите дипломатски извори консултирани од страна на МИА сите заклучоци се усвоени како што се во нацрт верзијата.

Важно е да се напомене дека овие заклучоци не претставуваат откочување на преговарачката рамка со Северна Македонија. Бугарија и натаму ја блокира рамката и одржувањето на првата меѓувладина конференција за почеток на преговорите со ЕУ.

Заклучоците за проширувањето традиционално се усвојуваат секој декември.

Советот на ЕУ ќе ги објави официјално заклучоците штом тие бидат усвоени преку писмена процедура, веројатно до крајот на оваа недела.

Next Post

Попладневен преглед: МОН и БРО - не се укинува предметот историја, ЕУ ги утврди заклучоците за проширување и ги прифати барањата на Бугарија во однос на “погрешното толкување на историјата“...

Shortcut

Најново

„Ниту една повеќе!“ – Протести против насилството врз жените, обвиненија и барања за институционална одговорност

November 21, 2026

Сите сакаат да владеат со светот

November 21, 2026
Фотографија: Unsplash

Младите бараат образование наместо оружје: Протести против планот на ЕУ за 800 милијарди евра за одбрана

November 20, 2026
Јана Коцевска

Јана Коцевска: Родовото насилство е нормализирано, институциите не обезбедуваат вистинска заштита

November 19, 2026

Тутунари, не дозволувајте грешките при пакувањето и чувањето да ви го намалат откупот

November 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЛЕЛЕ, МАМО, КРИЗА Е!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уставниот „рекорд“ на Сиљановска-Давкова падна на проверката на фактите – ЦИВИЛ МЕДИА укажува на политичка манипулација со бројките

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вест стара 59 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мислете му ја!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спасовски: Изборот е направен, насоката е потврдена, продолжуваме по правиот пат во европска иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk