Биро за развој на образованието: Учениците ќе учат историја, но на начин прилагоден за нивната возраст. Оттаму информираат дека промените кои се планираат во однос на наставните предмети, ќе започнат од идната година и ќе се воведат во прво и во шесто одделение.
МОН: Не се укинува ниту историја, ниту една научна дисциплина, ќе се изучуваат поврзано. Целта на овие реформи е на ученикот да му даде целосна слика за одреден настан или тема, а ова се постигнува преку интердисциплинарен и интегриран пристап. На овој начин учениците подобро ќе ги разберат и запомнат темите кои ги изучуваат и притоа ќе ги развијат своите аналитички способности.
(ИНТЕГРАЛНО) Годинешно обраќање на претседателот Стево Пендаровски: Најголемите политички партии имаат потполно идентичен став по однос на нашиот идентитет. Пендароски зборуваше за пандемијата со Ковид-19, блокадата на патот кон ЕУ и членството во НАТО. Тој се осврна и на претстојниот најавен попис, реформите во правосудството и во образованието.
Потврдени заклучоците за проширувањето со промените што ги бараше Софија. Заклучоците за проширувањето на ЕУ беа замрзнати поради блокадата на Бугарија за преговарачката рамка со Северна Македонија, како еден вид притисок врз Софија, но конечно денеска прифатени се барањата на Бугарија во однос на “погрешното толкување на историјата“ и употребата на долгата форма на името на Северна Македонија.
Дополнетиот предлог-буџет за 2021 пред пратеници – Парите алоцирани таму каде ќе дадат најдобри резултат, смета Бесими. Вкупните приходи во периодот јануари-ноември годинава се реализирани во износ од 170,2 милијарди денари што е 86,7 проценти од проектираните, додека реализацијата на вкупните расходи изнесува 85, 3 проценти или тие се реализирани во износ од 210,3 милијарди денари.
Регистрирани 865 нови случаи на Ковид 19, починати се 25 пациенти, најмладиот на 40 години. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 75.597, бројката на оздравени пациенти е 51.493, на починати е 2.194, а бројот на активни случаи изнесува 21.910.
Филипче: Да не се излегува надвор и во овој период без некоја голема потреба. Не постои можност, посочи министерот, да се влезе во домот, загарантиран е интегритетот и тоа е согласно Уставот и тоа ни беше укажано кога го носевме новиот Закон за заштита на населението од заразни болести.







