Откако му се појавиле првите симптоми 42- годишниот француски претседател излегол позитивен на Ковид-19. Макрон сега ќе оди во изолациа седум дена, соопштуваат од Елисејската палата, пренесува Би-Би-Си.
Макрон „сè уште е одговорен“ за водење на земјата и ќе работи од далечина, рече официјален владин претставник.
Франција оваа недела воведе полициски час преку ноќ за да помогне во справувањето со зголемените случаи од Ковид-19.
Од почетокот на епидемијата во Франција има два милиони потврдени случаи и повеќе од 59.400 смртни случаи, покажуваат податоците на Универзитетот Johns Hopkins.
Ј. Ѓ.