ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски со апел до оние што издаваат викендици за празниците: Ништо не е позначајно од тоа да се спаси живот

December 17, 2020 12:57
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

МВР превентивно реагира уште сега до сопстевниците на викендици што планираат да ги издаваат за претстојните празници, за да знаат што може да ги очекува таму каде што тоа ќе се случува. Веќе се изготвени сите планови за засилени контроли. Тоа ќе го направиме веќе од нареднава недела и во текот на новогодишната ноќ, така што за полицијата ќе има многу работа, меѓутоа здравјето и животот на граѓаните мора да ни биде врвен приоритет. Полицијата ќе постапува врз основа на сите дозволени норми и правила коишто се врз основа на Законот.

Ова е одговорот од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на новинарско како МВР ќе се справуаву со станоиздавачите и оние кои ќе издаваат викендици за прослава на божиќните и новогодишните празници.

Тој потсети на донесените сет мерки што ќе придонесат за спречување на ширењето на коронавирусот. Тоа се мерки кои никој не ги посакува во Владата, нагласи Спасовски, мерки што се непопуларни, меѓутоа мерки што се неизбежни во овој период заради тоа што од една страна имаме ширење на болеста, ставање директно во опасност на животот и здравјето на граѓаните, а од друга страна е нормалниот начин на живеење и однесување на граѓаните.

– Нема никаква забрана за издавање на викендица на семејства и едно семејство да може да биде во некоја викенд-куќа каде било на територијата на нашата земја, меѓутоа секако дека е кривично дело издавање на викендици на групи на луѓе. Не е идејата да донесеме одлука дека рестораните, хотелите итн. не можат да работат по 18 часот, се со цел да помогнеме во спречувањето на ширењето на коронавирусот, а од друга страна да отвораме нови такви објекти да ги имаме и во околината на Скопје, претежно во Сопиште или во Маврово, или во Охрид, или во Струга или во кое било од туристичките места.  Зошто би била забраната за рестораните и хотелите ако тоа може да го прават некои во викендиците? Ние како МВР сериозно работиме, имаме оперативна акција во делот на издавањето на викендиците, во делот на вакви кривични дела веќе постапуваат колегите. Ќе се постапува врз основа на сите дозволени норми и правила коишто се врз основа на Законот. Секако дека таму каде што имаме сознанија дека има групирање на лица во издадени викенд-куќи, ќе се направи увид и ќе се поднесат соодветни пријави. Реков дека ова е кривично дело за директно загрозување на животот и здравјето на граѓаните, појасни Спасовски.

Тој апелираше до сите сопственици на викенд-куќи или вили што ги издаваат под наем, да бидат свесни дека тоа е сериозна одговорност и дека издавањето на овие вили и викендици повлекува и кривична одговорност.

–  Ништо не е позначајно од колку да спасите живот на кој било граѓанин во оваа наша земја, така што колку пари и да добивате за издавање на таа вила или викендица за време на новогодишната вечер, не се доволни за чувството дека самите ќе придонесете да спречиме ширење на вирусот и да помогнете на секој еден граѓанин. Затоа мојот апел го упатувам и до граѓаните и до секој еден којшто смета дека на тој начин може да ја помине новогодишната ноќ и дека на тој начин ќе ги загрози животот и здравјето, да се откажат од тие намери, да си помогнеме самите себеси, да помогнеме на државата, на здравствениот систем, да помогнеме на лекарите и на медицинскиот персонал, кои многу пожртвувано се борат за секој еден човек и за секој еден човечки живот. Така што сите заедно да ги почитуваме мерките. Ќе дојдат моменти на запирање на вирусот, ќе имаме моменти и за дружби и за организирање на какви било прослави, меѓутоа сега да не дозволиме заради некакви сопствени ставови и лични интереси да си го загрозуваме здравјето сите заедно, порача Спасовски.

Next Post

Oглас за најмалку 500 нови полициски службеници, најави Спасовски

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk