ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Не се усвоени заклучоците за проширување на ЕУ, најмладиот починат ковид пациент имал 33 години…

December 18, 2020 18:02
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Нови 883 случаи на ковид 19, починати се 29 пациенти, најмладиот на 33, највозрасниот на 84 години. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 77.134.

Заклучоците за проширувањето на ЕУ не се усвоија. Дипломатите во Брисел не паметат кога последен пат годината завршила без заклучоци за проширувањето на ЕУ, но по денешниот амбасадорски состанок е извесно дека овој пат тие нема да се усвојат, откако Чешка и Словачка оценија дека текстот оди предалеку во мешањето на билатералните спорови.

Чешкa: Заклучокот е штетен за процесот на проширувањето на ЕУ. Главната цел е да се усвои Преговарачката рамка што е можно поскоро. Сепак, сегашниот текст може да има спротивен ефект. Според наше гледиште, тој содржи термини за фалсификување на историјата што би можеле да бидат штетни за процесот на проширување“, велат од чешкото МНР.

Блокадата на Чешка и Словачка е удар и за германското ЕУ-претседателство. Ситуација се смета за прилично проблематична, со оглед на тоа што земји како Русија, Кина и Турција се заинтересирани за привлекување на  балканските држави на своја страна.

СДСМ: Интерпелацијата за Димитров ќе биде нов пораз за очајното ВМРО-ДПМНЕ и губитникот Мицкоски.Во клучни моменти за стратешките интереси, дали станува збор за членството во НАТО, дали за членството во ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се посветени само на ширење лажни вести, хистерија и поткопување на државните интереси.

Филипче: Р0 факторот на трансмисија на вирусот се намалува, но сепак сме внимателни. Секој пациент треба да биде воден од самиот матичен лекар. Мора да се направи проценка врз основа на клиничката состојба на пациентиот, затоа што видовме многу сценарија за оваа болест што уште еднаш не враќаат на заклучокот дека имаме работа со непознат вирус, рече Филипче. 

Заев: Разговорите со Бугарија продолжуваат, за македонскиот јазик и идентитет не се преговора. Коментирајќи ги вчерашните реакциите од Словачка и од Чешка, Заев нагласи дека му е драго што се уште има „европско во ЕУ“.

Зошто во учебниците по историја се крие дека Ѓорче Петров бил ликвидиран по нарачка на Тодор Александров?  Историчарите Виолета Ачковска и Никола Жежов во нивната книга „Предавствата и атентатите во македонската историја“ пишуваат дека зад убиството на Ѓорче Петров стои водачот на ВМРО Тодор Александров. Ачковска и Жежов детално го опишуваат атентатот на Ѓорче Петров укажувајќи дека по извршеното убиство „атентаторот се криел во станот на водачот на ВМРО, Тодор Александров.

Заев: Грижата за секое дете е врвен приоритет на Владата. Градинката е пример за концептот „Едно општество за сите“, затоа што тука заедно ќе бидат згрижени деца од македонска, албанска и турска етничка заедница. Градинката е изградена според европски и светски стандарди, онакви во какви што нашите деца треба да растат, да се развиваат и да учат.

МОН: Со реформите во основното образование секое дете ќе го достигне својот полн потенцијал. Новата концепција за основно образование е најавувана неколку месеци наназад и истата се изработува преку еден максимално транспарентен процес, со, како што напоменавме бројни засегнати страни – ученици, наставници, граѓански здруженија, домашни и странски партнерски организации меѓу кои особено би ја издвоиле УНИЦЕФ“, велат од МОН.

Инспекциите синоќа затвориле четири објекти, Пауновски апелира за совесност. Во  локалот „Мош“, кој бил отворен иако привремено запечатен, интервенирала и полицијата. Сè што таму затекнале инспекторите, посочи Пауновски, е заведено во записникот, а за навредите што им биле упатени, рече, инспекторите се веќе навикнати.

Народната банка ги засилува активностите за зголемена транспарентност на давателите на платежни услуги.

Бесими: Со Стратегијата „SmartER Growth“ до удвојување на економскиот раст. Нашата главна цел е, на среден рок, да го забрзаме економскиот раст од 2 до 2,5 проценти во последната деценија на 4 до 5 проценти просечен годишен раст во следните пет години, рече Бесими.

Вакцина против корона vs. вакцина против корона + Нескафе црвена шоља – АХА на Јане Рибаро.
И.Т.З.
Next Post

Алиоски за прв пат во тимот на колото во Премиерлигата

Shortcut

Најново

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk