ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Косовскиот Уставен суд ја прогласи Владата на Хоти за нелегитимна, вонредни избори во рок од 40 дена

December 22, 2020 08:19
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Уставниот суд на Косово синоќа го прифати барањето на опозициското Движење Самоопределување (ВВ) за прогласување за неважечки на еден од гласовите на пратениците за избор на владата на Абдулах Хоти и одлучи дека треба да се организираат вонредни парламентарни избори, јави  дописникот на МИА од Приштина.

Вонредните избори, според одлуката на Судот, треба да се одржат во рок од 40 дена од нивното прогласување од страна на претседателот на Републиката, а во конкретната ситуација тоа треба да го стори вршителката на должноста на таа функција, Вјоса Османи.

Претходно, политичките и правните претставници на ВВ и на актуелната Влада ги изнесоа своите ставови во однос на легитимноста на гласот на пратеникот Етем Азири, кому ВВ на претходниот премиер Албин Курти му го оспори правото да биде пратеник, а со тоа и правото на глас за избор на новата влада. 

Причина за спорење на легитимитетот на пратеникот од партиите на немнозинските етнички заедници, е тоа што пред да биде избран за член на законодавниот дом на Косово бил правосилно осуден на 15 месеци затвор заради кривично дело злоупотреба на службената должност.

Уставниот суд одлучи дека Азири немал право да гласа, а со оглед дека со неговиот глас кабинетот на Хоти го обезбеди минималното потребно мнозинство од 61 пратеници во 120-членото Собрание на Косово, со поништувњето на тој глас досегашната влада го изгуби легитимитетот.

Во соопштението што вечерва го објави Судот, се вели дека досегашните одлуки на Владата остануваат на сила, како и дека кабинетот на Хоти ќе продолжи да ги извршува должностите до изборот на новата влада.

Владата на Авдурахман Хоти беше избрана на 3 јуни годинава, откако претходно беше изгласана недоверба на владата на Албин Курти, кој ја водеше земјата во претходните четири месеци.

Next Post

Министерот Филипче утрово ќе  учествува на владината седница во Софија

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk

ПРВА ЛИНИЈА

  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ