ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МЕДИУМИ

Добредојдовте на првата линија!

Го отвораме Фронтот за одбрана на македонската иднина, за евроатлантските интеграции, за правда и демократија, за човекови права, еднаквост и слобода...

September 21, 2019 12:38
in ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Share on FacebookShare on Twitter

FRONTLINE.MK го отвораме во период кога беснеат лагите и омразата, кога вредностите се заменети со подмолно подривање на темелите на државата и демократските процеси. За тесни интереси и бегство од правда се фрлаат во неврат судбините на луѓето и се уништуваат шансите за напредок и пристоен живот. Тоа не смееме да го дозволиме!

Го отвораме Фронтот за одбрана на македонската иднина, за евроатлантските интеграции, за правда и демократија, за човекови права, еднаквост и слобода.

Ќе се обидеме заеднички да ги разбереме тешките одлуки во процесите за реформи и демократска трансформација на општеството. Да го изодиме тешкиот пат од клиентелистичко во општество во кое владеат европските и зелените вредности. Ова е Фронт против национализмот, омразата, радикализмот. Ќе дадеме сѐ од себе да бидеме пример за општествено одговорен медиум.

Сите одговорни и совесни граѓанки и граѓани можат да дадат придонес да го спречат назадувањето. Сечиј придонес е драгоцен, без оглед на тоа колку некој мисли дека е немоќен и неважен. Нема неважни луѓе. Со самото тоа што ова го читате, веќе сте во позиција да помогнете.

Заради сево ова и заради низа други причини што произлегуваат од моралните обврски кон нашето општество, решивме да го отвориме овој Фронт.

Frontline на англиски значи борбена линија, но означува и „најважна позиција (став) во една дебата или движење“… На нашиот, македонски јазик, ако го преведеме во нашиот контекст, тоа значи линија на фронтот или, едноставно Фронт. Нашиот Фронт. Сите сме на првата линија на Фронтот против лагите и деструкцијата.

Овој нов медиумски проект ќе се обиде да го задржи вниманието на публиката на важните теми и настани во политиката и во општеството. Истовремено, ќе понуди и богатство од култура, уметност, забава, музика, филм, технологии, спорт…

Ова ќе биде наше заедничко место за информирање и забава. Ќе биде и патоказ кон места корисни за едукација и разонода. Ова е линија на фронтот каде што со насмевка ќе споделиме сѐ што ни е важно, сѐ што нѐ весели или нѐ лути.

Пишувајте! Споделете ги со нас вашите доживувања! Споделете инфо за вашиот омилен филм или книга, за концертот што сте го посетиле, настан во вашето место на живеење… Лајкнете нѐ на Фејсбук, следете нѐ на Твитер, јавете се.

Се разбира, ова ќе биде место и за бизнисот и економијата. Ќе ги следиме најновите достигнувања или предизвици поврзани со парите, стандардот и инвестициите. Ќе бидеме простор и за тие што ги нарекуваме дијаспора, а тоа се, всушност, нашите блиски што заминале од земјава. Ќе им кажеме и покажеме до каде сме, како се развиваме, што можат да направат за нас, што решивме да останеме на ова парче македонска земја.

Сето тоа и многу повеќе! Ве повикуваме, сите да се собереме на едно место, наше место, на првата линија на Фронтот. Да слушнеме, видиме, прочитаме и напишеме нови страници на едно поубаво секојдневие, заедно.

Џабир Дерала
главен и одговорен уредник

Next Post

Дескоска: ВМРО-ДПМНЕ постојано излегува со нови услови и барања во преговорите за Законот за јавното обвинителство

Discussion about this post

EVN

НАЈНОВО

Може ли германскиот систем за противвоздушна одбрана да биде европски одговор на Patriot?

February 26, 2026

Филипче: Се бориме за систем, не еден човек како Мицкоски кој сака сè да контролира

February 26, 2026

Ивица Дачиќ хоспитализиран во тешка состојба – приклучен на респиратор

February 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Како исклучувањето на Starlink ја разниша руската линија на фронтот – „останавме само со радио-станици, кабли и гулаби“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 февруари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 25 февруари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заев поднесе тужби против Жан Митрев и Бране Петрушевски за клевета, бара по 500.000 денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Левица предлага зголемување на повратот на ДДВ од 2.100 на 4.100 денари и повисок праг за регистрација на ДДВ-обврзници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk