ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АКЦЕНТИ

Дескоска: ВМРО-ДПМНЕ постојано излегува со нови услови и барања во преговорите за Законот за јавното обвинителство

Министерката за правда, Рената Дескоска, во интервју за Канал 77, открива детали за преговорите и ја објаснува суштината на барањата со кои ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја избегне одговорноста за криминалите...

September 21, 2019 13:29
in АКЦЕНТИ, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

„Предизвик е да се биде во Министерството за правда, особено кога очекуваме отворање на преговорите – би било големо признание доколку ги отвориме преговорите, особено со тоа што ги отвораме перспективите на нашата држава кон ЕУ“, изјави мМинистерката за правда, Рената Дескоска во интервју за Канал 77, од кое објавуваме најважните акценти.

Дескоска зборуваше првенствено за Законот за јавно обвинителство и преговорите со ВМРО-ДПМНЕ, но и за Изборниот законик, како што информираше на својот Фејсбук профил.

„Идеална ситуација би била законот да се донесе. Но гледаме дека имаме отпор од страна на опозиционата ВМРО-ДПМНЕ за донесување заеднички солидни решенија коишто ќе ги имплементираат европските стандарди. Ако имаме ситуација во којашто треба да имаме закон што ќе внесе поретроградни решенија од постојните, што нема да значи напредок на нашето законодавство кон европското, мојата опција е дека тогаш би било подобро да не донесеме закон отколку да донесеме лош закон… ВМРО-ДПМНЕ не сакаше да се спомне С од СЈО во законот. Бевме принудени да извадиме верзија што ќе се доближи до нивните барања со цел да направиме консензус. Кога ја направивме таа верзија што имплементираше добар дел од нивните барања, тие одговорија со ретерирање“ – открива Министерката за правда, проф. д-р Рената Дескоска за Канал 77.

„Практично, во преговорите вие гледате дека преговарачката страна нема добра волја, ако вие постојано се доближувате до нејзините позиции и ги усвојувате, а тие бегаат два чекорa позади и истакнуваат нови и нови барања. Тоа беше една игра во која ВМРО-ДПМНЕ ја правеше со цел да дојде 15 септември, по што очекуваа дека специјалната јавна обвинителка ќе го изгуби мандатот, СЈО ќе биде замрзнато и со него и случаите и дека тоа ќе трае една година“ – вели Дескоска.

„Клучното барање на ВМРО-ДПМНЕ беше дека треба да имаме одредба според која сите постапки што се почнати по 18 месеци ќе запрат, сите докази ќе бидат фрлени во вода, а постапките пред првите 18 месеци ќе бидат трансферирани. Ние мораме да го решиме клучното прашање, а тоа е прашањето за постапките што се водат. Остануваше дилемата за тоа во која фаза ќе бидат преземени и слично. Кога ќе го решевме тоа прашање, можевме да разговараме им реков, експерти од сегде, од ЕК, од Венецијанска комисија од каде и да е“ – сподели Министерката за правда, Рената Дескоска.

„Првата верзија којашто ја пуштивме во Собрание беше блиску до она што би изгледал закон којшто би се правел во комисија, експертски – без странични интереси. Имаше одредени отстапувања во првиот текст којшто произлегоа во рамките на коалициските разговори со ДУИ, којшто се однесуваа на одредени прашања за да се задоволат потребите и да се добие поддршка во рамките на Владата. Прашања коишто се однесуваа на употреба на докази од СЈО и други прашања коишто се отворија, различни прашања и интервенции. Но, сепак тоа беше еден закон којшто беше пристоен, немаше да наруши остварување на владеење на право, од експертите би добил зелено светло. можеби не би добил петка, до би добил една четворка. За жал, свесни сме дека во Собранието мнозинство за донесување на закон е двотретинско мнозинство. Има одредени црвени линии од коишто не сме спремни да отстапиме. Вистина мислам дека нема потреба да се носи закон којшто ќе биде ретроградно решение, дури ќе содржи и скриени одредби за амнестија, доколку веќе не е ургентна таа потреба“ – објаснува Дескоска во детали.

„Вистинската суштина на предлогот на ВМРО – ДПМНЕ: Клучната разлика е во надлежностите на Организиран криминал и Обвинителството за висока корупција во предлогот којшто произлезе од  Владата и предлогот којшто произлезе од ВМРО – ДПМНЕ токму тука лежи зајакот. Кај нив недостасуваат изборни нерегуларности како надлежност на Организиран криминал, тоа е точно и ние на тоа реагиравме. Тоа е многу битен криминал којшто не може да го оставите на другите обвинителства туку треба екипирано обвинителство со сите капацитети, со одреден тип на самостојност да може да одлучува и да гони вакви дела. Понатаму, злоупотреба на ИПА фондови беше извадено од нивниот предлог како надлежност на Органиизран криминал и одредени други дела коишто ние сметаме дека се тешки и значајни дела и треба да бидат гонети или од Обвинителство за организиран криминал или Висока корупција“ – вели Дескоска. 

„Треба да тргнеме од идејата не на кој што му одговара, бидјеќи прво имаме одговорност спрема граѓаните и државата – треба секој функционер, секој граѓанин да биде свесен што е недозволено однесување, и да си го прилагоди своето однесување спрема законските норми, а не да бара или да создава дупки во законите со цел да се амнестира. Треба конечно да се стави точка на таквиот пристап“ – изјави Министерката за правда, Рената Дескоска.

Б. Ј.

 

 

 

 

Next Post

Средба меѓу Заев и Мицотакис во Њујорк

Discussion about this post

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk