Европратеникот Едвард Кукан е убеден дека за само три недели Советот на Европската Унија ќе ја усвои одлуката Северна Македонсија да добие датум за отпочнување на преговори за влез во европското семејство.
Но, тој порача да не се слави пред време, бидејќи работата не е завршена, туку со таа одлука почнува еден тежок и макотрпен процес.
„ Доналд Туск е сериозен политичар. Ако кажал дека вашата земја направила сè за да добие датум за преговори, тој ќе се држи до тоа. Не е сè спроведено и направено, но вие сте предолго во чекалната на ЕУ. Три недели не е долг период. Имате важни работи како законот за ЈО и случајот „Рекет“. Ако ова навремено и добро го решите ќе бидете добродојдени кај луѓето во Брисел кои одлучуваат за вашата иднина. Не треба да славите, бидејќи со добивање на датумот работата не е завршена, процесот потоа е тежок и макотрпен, но членството ќе донесе многу придобивки за граѓаните на оваа држава. Со среќа”, рече Кукан во неговиот говор на третата сесија на Националната Конвенција на Европска Унија во Република Северна Македонија, која се одржува денеска во Собрание.
А.З