Денеска Германија го прославува денот на обединувањето на двете Источна и Западна Германија… Денешениот ден, 3 Октомври, 1990 е познат по Падот на Берлинскиот ѕид, чин кои воедно е и првиот чекор во обединувањето на Германија.
Со обединувањето на двете држави се обедини и поделениот Берлин.
Берлинскиот ѕид или Berliner Mauer бил изграден во 1961. година од комунистичкиот режим на Источна Германија за да се оддели Западен Берлин, кој бил под контрола на западните сојузници, од источниот дел на градот и од остатокот од Источна Германија, која била под силно влијание на СССР. Sидот станал највпечатлив симбол на Студената војна и на Железната завеса.
Sидот ги разделувал Источна и Западна Германија точно 28 години и 1 ден. Источна Германија ја започнала изградбата на ѕидот на 13 август 1961. Ненадејната градба на ѕидот предизвикала многу семејства да останат поделени. Sидот бил целосно урнат кон крајот на 1989, освен еден дел кој и денес стои како спомен на тоа време.
Во Скопје, по тој повод беше организирана пригодна манифестација.