ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Тимоние прогласен за почесен граѓанин на Општина Крива Паланка

October 8, 2019 17:32
in РЕПУБЛИКА, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Националната установа Центар за култура – Крива Паланка денеска се одржа свечена академија по повод 8 Октомври – Денот на ослободување на Општината, на која беа доделени годинашните награди и признанија за особен придонес во повеќе области, како и признанието почесен граѓанин на Крива Паланка што му беше доделено на Кристијан Тимоние, амбасадор на Франција во земјава.

Признанието на амбасадорот Тимоние му беше врачено во знак на благодарност на граѓаните на Крива Паланка за повеќегодишната соработка помеѓу Општината и Амбасадата на Франција и за неговото лично залагање и посветеност во продлабочувањето на оваа соработка.

„Ова признание за мене има тројно значење: меѓународно, билатерално и лично. Интернационално затоа што вашата општина и земја даваат голем придонес во големата Меѓународна организација на франкофонијата, чијашто членка е државата од 2006 година, а тука се промовираат вредностите на човекови права и слободи.  Билатерално, бидејќи Франција ја поддржува Република Северна Македонија од независноста до денес на патот кој води до европските и евроатланските структури, а иницијативите на нашиот претседател (Емануел)  Макрон ние ги реализираме како политики и ги спроведуваме на Балканот, за интеграција во ЕУ, за достигнување повисоки стандарди на вашите институции. И на личен план, многу ми значи што имав среќа да бидам амбасадор во убава земја од која се очекуваат чуда, да погледаме кон иднината и да се мобилизираат што повеќе таленти. Посакувам Република Северна Македонија што поскоро да го добие своето место во европското семејство, а јас следниот пат кога ќе дојдам во Крива Паланка, навистина, мои сограѓани, ќе се чувствувам како дома“, рече Тимоние.

Општинската награда „8-ми Октомври“ за 2019 година му беше врачена на прим. д-р Сретимир Николовски од Крива Паланка за неговото повеќедецениско работење во областа на медицината, кое има значење за развојот на Општината.

Наградата „Признание  за особени постигнувања  и придонес  за развојот  и афирмацијата на Општина Крива Паланка“ за 2019 година, му беше доделена на младиот кошаркар Андреј Јакимовски од Крива Паланка за посебни заслуги во промоција, афирмација и достојно претставување на општината и државата надвор од границите и ширум Европа во областа на спортот.

Благодарница во чест на празникот на Општината, 8 Октомври, му беше доделена за Кошаркарски клуб „Крива Паланка“, за нивните достигнувања во областа на спортот на домашна и меѓународната сцена.

извор МИА

Next Post

Клоп: Јас сум нормалниот

Shortcut

Најново

Антитерористичка акција во Скопје, петмина приведени, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Мицкоски тврди дека инфлацијата кај нас е пониска од европската: Што навистина значат бројките?

September 29, 2026

Фон дер Лајен во Скопје: Има ли Мицкоски нешто ново да ѝ каже?

September 29, 2026

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Втората сесија на „Разговори за иднината во 12:05“, 26 септември 2026 (фото извор: иницијативата)

    „12:05“ со предлози за нов општествен договор и промена на изборниот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (РЕЗИМЕ) „12:05“ бара промени во СДСМ и заминување на Филипче, партијата возвраќа: „ЗНАМ 2.0“ и дефокус

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нема добар ПР за лоша политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk