Со крајно пожртвувана игра фудбалерите на македонската репрезентација извојуваа извонредно важна победа од 2:1 над Словенија . Сега во групата Г, Македонија е на третата позиција со два бода помалку од Австрија, која го победи Израел со 3:1. Прва со 16 бода е Полска.
Вечерва на теренот блесна златното дете на новата генерација на македонскиот фудбал, Елиф Елмаз. Првиот гол го постигна по извонредна асистенција на Горан Пандев, а вториот по мајсторски изведениот контра напад на асистенција од Адеми.
Елиф Елмаз на својот Фејсбук профил по повод победата над Словенија и постигнувањето на два гола, против Јан Облак – еден од најдобрите голмани во светот вели:
„Горд на мене и на мојата Македонија!“
Елмаз во 50 минута за 1:0
Ј.Ѓ