Со јасни и децидни последни зборови, полни со пораки до европските лидери, премиерот на Северна Македонија Зоран Заев и комесарот за проширување, Јоханес Хан, истакнаа дека утрешниот самит не е важен само за иднината на нашата земја, туку и за кредибилитетот и улогата на Европската Унија во Балканот и надвор од нејзините граници. „Пристапивме искрено и чесно, разбираме и прифаќаме дека одделни членки на Европската Унија имаат потреба да ја отворат и заокружат дебатата за новата методологија за преговори. И ние сме за тоа“, се обрати на почетокот Заев.
Хан, од своја страна, излезе со директни повици до лидерите на земијте членки на ЕУ да одредат датум со отпочнивање на преговорите со двете земји кандидатки.
„Северна Македонија е едиствена земја во Европа која помина најдолг пат кон интеграциите“, истакна Хан, и додаде дека граѓаните заслужуваат подобар живот и не треба да се дозволи да ја напуштат земјата.
Хан директно им посочи на европските лидери дека ЕУ не може да се надева да има некаква улога на светско ниво ако го изгуби кредибилитетот во својот двор, Балканот.
“Ние како Европејци треба да ги имаме предвид овие напори. Станува збор за јасен сигнал за напорите за перспективите на земјите како Северна Македонија и Албанија. Ова се очекува после сите мерки преземени во двете земји. Има многу говори дека Европа треба да има улога на светско ниво, но ако ова не можеме да го постигнеме, во нашиот двор ќе го изгубиме кредибилитет да го постигнеме тоа нив и надвор. Барам од нашите лидери да дадат зелено светло”, изјави Хан кој на крај повтори дека е оптимист за резултатот од утрешниот дводневен самит.
„Почетокот на преговорите ќе ни помогне да поттикнеме уште посилен ангажман на сите групи и заедници во нашата земја, да создадеме повеќе работни места и да ги задржиме младите дома, ангажирани и посветени“, истакна Заев кој меѓу другото рече дека сме пример и мотивација за позитивна промена во регионот и дека ЕУ добро го знае тоа и мора да прифати дека и Балканот е европски.
Арбен Зеќири