Амбасадорот на делегацијата на Европската Унија во Албанија, Луиџи Сореца, реагираше по негативната одлука за отворање на преговори за Албанија и Северна Македонија со ЕУ, пренесе МИА.
Преку објава на Твитер, Сореца ги повикува двете земји да не се откажуваат од преговорите бидејќи ќе дојде денот кога ќе станат членки на ЕУ.
– Северна Македонија и Албанија не се виновни за ова… Денес би сакал да испратам порака до нашите пријатели: Ве молам, не се откажувајте… Јас апсолутно не се сомневам дека еден ден ќе станете полноправени членки на ЕУ, пишува Сореца.