Околу 5 часот ова утро во штипската населба Сењак се опожарени 3 возила.
Телевизијата „Стар“ од Штип, објави, дека станува збор за автомобилите на братот и таткото на Маринела Тушева, поранешна пратеничка на СДСМ од Штип и сопруга на Бојан Маричиќ, советник за евроатлантски интеграции на премиерот Зоран Заев.
Возилата биле опожарени пред стамбената зграда во која што живеат.
За Телма, братот на Маринела, Никола Тушев вели дека нивните возила биле посебно паркирани и дека напаѓачите палењето го извршиле најверојатно со молотови коктели.
Поранешната пратеничка Маринела Туше, на својот Фејсбук профил каде објави и видео снимка од возилата што горат, ќе рече:
На залезот на Денот на ВМРО и изгревот на парламентарните избори Обнова has checked in. Волкот влакно менува, нарав никогаш.
Ј.Ѓ