ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Намалени се цените на услугите од Катастар

Оваа мерка значи намалување на трошоците на граѓаните и компаниите и овозможува побрзо, поефикасно и навремено обезбедување на услугите

October 26, 2019 11:22
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Една од мерките што Владата на Република Северна Македонија ги вети и ја исполни, е намалувањето на цените на услугите на Катастарот. Оваа мерка значи намалување на трошоците на граѓаните и компаниите и овозможува побрзо, поефикасно и навремено обезбедување на услугите, ова на прес-конференција го истакна Борис Тунџев, член на Комисијата за транспорт и врски на СДСМ.

– Во новите тарифници за услугите, за потенцирање е големото намалување на надоместоците кои изнесуваат и до 90 проценти. Надоместокот за запишување на инфраструктурни објекти, е намален во просек за 90%. При запишување на недвижности во Катастарот, цените се намалени во просек за 51%.

Надоместок за користење на податоците од Геодетско катастарскиот информационен систем е намален во просек за 28%. За запишувањата на правата по основa на доградби, надградби и легализирање на бесправно изградени објекти, предбележувањето и уписот на згради и други објекти надоместокот е намален за 20 отсто.

Намален е и надоместокот за промена на култура за 38%, за да се стимулираат земјоделците, да ги променат културите на земјиштето во имотните листи, за да се олесни процесот за добивање на субвенции. Извршено е намалување од 90 проценти за објектите со волуменска зафатнина со што  се стимулираат винарскиот сектор и мелничката индустрија да ги запишат големиот број на нерегистрирани силоси и резервоари. Таму надоместокот беше 10 денари, а сега е еден денар за м3.

За 28 отсто се намалени услугите што ги нуди Катастарот за издавање  податоци од геодетските планови како етажни скици и копии од катастарските аналогни планови. Укината е двојната наплата при повторното доставување пријава, ако претходната пријава за иста недвижност билa одбиена.

Next Post
Нина Ангеловска, Министерка за финансии

Инклузивна дигитална економија – како до успешен е-бизнис за жени претприемачи

Shortcut

Најново

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk