ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Нема одложување на изборите поради Протоколот за НАТО

Протоколот откако ќе биде ратификуван од сите земји-членки, треба да дојде во нашето Собранието, каде пратениците исто така ќе пристапат кон негово ратификување со што ќе се официјализира членството во Северноатлантската алијанса.

October 29, 2019 18:32
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев денеска ја отфрли можноста да се одложат изборите поради престојната ратификација на Протоколот за членство во НАТО во Собранието на Република Македонија, пренесе МИА.

Протоколот откако ќе биде ратификуван од сите земји-членки, треба да дојде во нашето Собранието, каде пратениците исто така ќе пристапат кон негово ратификување со што ќе се официјализира членството во Северноатлантската алијанса.

Се договоривме и ги замоливме сите политички партии од владината коалиција и од опозицијата за консензуално прифаќање на датумот 12 април, рече Заев денеска по посетата на Клиниката за гастроентерохепатологија.

Нагласи дека во името на сите го замолил претседателот Стево Пендаровски да ја искористи уставната можност за распуштање на Парламентот меѓу 45 и 60 дена пред изборите и тоа да го стори на 45 дена до изборите.

Со тоа, додаде Заев, би го добиле цел февруари, според пресметките до 26 февруари, со цел во тој период Собранието да биде функционално и да се ратификува Протоколот.

Очекуваме и нашиот Парламент да спроведе ратификација и со тоа да станеме полноправна членка на НАТО. Треба да се земе предвид дека во Шпанија на 10 ноември се одржуваат избори, така што ни остануваат цел декември, јануари, па и февруари да се заврши процедурата, рече Заев и додаде дека се чека во Шпанија да заврши изборниот процес и формирањето на владата, по што и таму ќе се пристапи кон ратфикацијата

Уште три ратификации ја делат Македонија од полноправно членство во НАТО. Дваесет и шест земји, меѓу кои и САД, дадоа зелено светло земјава да се приклучи во Алијансата.

Останува тоа наскоро да го сторат уште Франција, Холандија, и Шпанија. Францускиот Сенат го усвои во прво читање предлог-законот за ратификација на Протоколот за членство на Македонија во НАТО. Останува документот да биде ратификуван и од Националното собрание при второто читање.

На прашањето дали ќе коалицира со други партии од албанскиот блок, Заев денеска истакна дека можностите се отворени и оти се следи расположението на граѓаните.

Треба да го следиме гласот на граѓаните, тие отприлика укажуваат во која насока треба да се формираат коалициите, рече Заев.

Next Post

Мицкоски за „Политика“: Судбината на Преспанскиот договор ќе зависи од резултатите на изборите

Shortcut

Најново

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026

Самит за Крим во Њујорк: Политичкиот прогон, милитаризацијата и деокупацијата во центарот на меѓународната агенда

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Броила, „Руднап“ и 13,2 милиони евра: Каде лежи зајакот во судирот Божиновска – СДСМ?

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026

Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

September 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk